Реклама
Наши ѕвезди

Каролина Гочева како од мајка родена, на почетокот од кариерата – еве како изгледала пред 20 години

Погледнете како познатата пејачка изгледала во своето прво видео кое се уште се врти на социјалните мрежи

Реклама

Каролина Гочева е родена во Битола, 1980 година

Познатата македонска пејачка Каролина Гочева (43) прв пат на телевизија се појави кога имала само 9 години.

Тоа беше во далечната 1989 година, а како што самата пејачка откри во една пригода, тоа било во емисијата „Шарам барам“.

Маркетинг

Таа тогаш кога настапила во оваа култна детска емисија имала само 9 години, а се појавила со песната „Like a prayer“ од Мадона.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

На десетгодишна возраст се појавува на детскиот фестивал „Си-До“ во Битола, а веќе следната година и на Макфест во Штип со песната „Мамо, пушти ме“, додека на Скопје фест дебатира во 1994 година.

Но денес малкумина се сеќаваат дека нејзиниот прв спот за песната „Без оглед на се“, снимен во далечната 2000 година.

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Станува збор за песна од нејзиниот деби-албум Јас имам песна во кој беше и песната Немир што Каролина ја испеа во дует со Тоше Проески. Таа оваа година потпишува договор со Авалон продукција, а со песната „За нас“ која е од истиот албум за малку ќе победи на Скопје фест.

Нејзиниот прв спот за песната без оглед на се е поприлично провокативен и во него Каролина се појавува гола во када.

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Како пејачката изгледаше тогаш, на свои 20 години, погледнете од галеријата и видеото во продолжение.

Потсетуваме, Каролина е една од ретките пејачки кои во својата кариера два пати се појавиле на Евровизија.

Таа тоа прв пат го направи во 2002 година, во Талин, Естонија, кога ја претставуваше Македонија со песната „Од нас зависи“ и го освои 19-то место, а потоа на истиот музички фестивал се појави и во 2007 година, во Хелсинки, Финска, со песната „Мојот свет“.

Непосредно пред нејзиниот прв настап на Евровизија се случува и еден скандал поврзан со пејачката и МТВ.

Имено, каролина тогаш сметала дека треба песната да ја пее на англиски јазик, за да има подобар пласман, но претставниците на МТВ не се согласувале со тоа и биле подготвени ако Каролина не сака да ја изведе песната на македонски јазик, на Евровизија да настапи Андријана Јаневска.

Таа на крај се предомислува и одлучува да пее на македонски, но се пласира на 19-то место, недоволно за Македонија да оди во учество за следната година. Истата година таа е избрана и за Мис Евровизија.

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button