Карлеуша реши да направи „ремонт“? Посети пластичен хирург познат како „мајстор за задници“
Пејачката Јелена Карлеуша имаше многу тежок период живот, можеби и најтешкиот досега, бидејќи веднаш по скандалот со фудбалерот Огњен Врањеш почина нејзината мајка Дивна, што ја погоди многу.
Сепак, пејачката успеа да закрепне и по 20 дена повторно се врати во јавноста. Таа се врати на својот црвен стол во шоуто „Гранд Ѕвезди”, каде што беше член на жирито. Покрај враќањето на работното место, Јелена реши и малку да се дотера па беше во посета на Турција кај својот долгогодишен пластичен хирург Булент Цихантимур, подобро познат како д-р Би.
Потесна специјалност на овој хирургот е „ремонт“ на задник, па српските медиуми се сомневаат дека Карлеуша својата позадина решила да ја препушти на овој познат „мајстор“.
Пејачката во Истанбул се фотографираше со Булент и истакна дека тој, меѓу другото, е и нејзин добар пријател.
„Го сакам Истанбул. Со мојот пријател, неверојатниот доктор Би“ – напиша Јелена на фотосесијата.
Таа во Истанбул замина без нејзиниот сопруг Душко Тошиќ, кој е во Кина каде мораше да им се врати на своите обврски, поради што не можеше да присуствува на 40-дневниот помен на мајката на неговата сопруга, Дивна Карлеуша.