Карлеуша повторно ја нападна Северина и нејзината музика
Хрватските медиуми деновиве постојано пишуваат за лошите коментари на Карлеуша на Твитер за Северина. Имено, на профилот на Карлеуша се појави коментар на кој пишува: „Сакав да ја преслушам песната ’Силикони’. Но ја изгаснав по триесет секунди. Шундот доби нова дефиниција“, напиша дивата со големи букви.
https://www.instagram.com/p/BnRiQI_H2PT/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Карлеуша со овој коментар ја понижи хрватската пејачка поради срамните разголени фотографии што деновиве се појавија на интернет. Во прашање е песна што Северина ја снимаше пред две години и тоа во дует со Емси Сајси , пејачка која требаше да сними песна со Јелена Карлеуша, но бидејќи тоа не се случи, снимаше со Северина.
https://www.instagram.com/p/BnLvmM_gA7s/?taken-by=severina
Тогаш Карлеуша изјави дека повеќе не сака да соработува со неа и дека Сајси ја пропуштила можноста да соработува со вистинска ѕвезда.