Мајката на Јелена Карлеуша беше погребана во Белград
Српската пејачка Јелена Карлеуша беше потполно потиштена поради ненадејната смрт на нејзината мајка Дивна Карлеуша, а на погребот и се слоши, па беше итно изнесена од гробиштата, пишува српскиот Блиц.
Сопругот Душко Тошиќ и донесе вода за да и помогне да си дојде при себе, а потоа беше однесена во нивниот автомобил и изнесена од гробиштата.
За време на погребот Карлеуша не можеше да престане да плаче, а нејзините пријатели целото време ја придржуваа бидејќи едвај стоеше на нозете.
https://www.youtube.com/watch?v=KbDSRCqXeZQ
Нејзиното семејство одлучи да ја испрати Дивна со неколку песни во изведбата на Белградскиот погребен оркестар.
Дивна беше испратена со бели рози во облик на срце.
Претходно, во зградата на Радио Белград, беше организирана комеморација за Дивна Карлеуша, каде што Јелена се појави со сопругот кој ја држеше за рака, додека таа со наведната глава плачеше цело време.