Реклама
Новости

Карлеуша во шок од човекот што бараше Коста да биде пуштен на слобода: „Како не ви е срам, море?“

Карлеуша се огласи во врска со масакрот

Реклама

Откако психологот Александар Фатиќ во гостување на една емисија која се емитуваше на српска телевизија со национална фрекфенција изјави дека детето убиец треба да биде пуштено на слобода, со свој коментар се јави и популарната пејачка Јелена Карлеуша.

Имено професорот др. Александар Фатиќ од Институтот за применета хуманистика ја шокираше јавноста кога на телевизија изјави дека 13-годишниот Коста К., кој го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“, и уби осум ученици и чуварот, и рани уште шест и учителката по историја, треба да биде пуштен на слобода.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

По неговата изјава која што ги шокираше сите, се јави и Јелена Карлеуша која на својот профил на Инстаграм го напишам следново:

Маркетинг

Секогаш сум била за слобода на говор и за медиумите, но ваква слобода е навреда за здравиот разум, навреда за убиените деца и навреда за цела Србија. Кој да се врати во школото? Масовниот убиец? Што да прават со него, да го искараат и да го стават во лошо ќоше? Како не ви е срам, море! Им пукаше на децата во главата. Ги нишанеше во главата и срцето и не промаши. Испланирано, студено и смирено. Дете?“ го започна својот коментар Јелена Карлеуша.

Целиот нејзин коментар прочитајте го во продолжение:

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

По повој коментар наменет за психологот кој гостуваше во една телевизија во која изјави дека според него најдобро би било момчето да се врати во школските клупи Јелена го коментираше и вториот масакар што се случи во Србија, кога 20- годишниот Урош во својот крвав пир кој се случи само еден ден по масакрот во училиштето, во селата во близина на Младеновац, уби осум лица.

Меѓу загинатите имаше и еден 20 годишен полицаец како и неговата помала сестра, а најмладата жртва имаше само 13 години.

Еве што напиша Карлеушпа и за овој крвав настан:

„Мислев дека ова нема никогаш да го напишам, но ова суштество не заслужува да живее и еден ден да се врати во заедницата“.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

„Ова суштество и монструм не може да биде рехабилитиран и затоа заслужува смртна казна. Некој што ќе одземе толку животи од гнев, од лудило, не заслужува живот и неговото постоење на овој свет повеќе нема цел“, напиша Јелена во својот коментар.

Потсетуваме, во масакрот што се случи во училиштето „Владислав Рибникар“ беа убиени осум ученици и чуварот, а шест ученици и учителка по историја беа ранети.

Како што објавија медиумите, денес почина и едно од девојчињата што беше тешко ранета во главата. Таа им подлегна на повредите иако докторите натчовечки се бореа да и го спасат животот.

Само еден ден по овој крвав настан се случи уште еден масакр кога 20-годишниот Урош во околината на Младеновац уби осум лица.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button