Реклама
Вирално

Како ќе изгледа светот после короната: Има две сценарија, а реална можност е ЖИВОТОТ ДА СТАНЕ ПЕКОЛ

Реклама

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш зборуваше за две сценарија кои го чекаат светот по пандемијата од коронавирус, пренесуваат медиумите.

Првото, оптимистичко сценарио подразбира дека земјите успешно ќе ја надминат кризата и успешно ќе се соочат со моменталната ситуација. Нордиските држави ќе развијат успешен план за опоравување, а земјите во развој ќе добијат помош.
Гутереш исто така изрази надеж дека вакцина за коронавирус ќе се појави за 9 месеци и дека ќе им биде достапна на сите. Според неговото мислење, ако настаните се развиваат во овој правец, економијата ќе се опорави, и светот ќе се врати во нормала за две до три години.

Маркетинг

Меѓутоа, генералниот секретар на ОН исто така говореше и за песимистичко сценарио, кое може да не снајде ако земјите не го координираат своето дејствување. Според неговото мислење, ќе дојде до нови епидемии, а ситуацијата во земјите во развој драстично ќе се смени.

Маркетинг

Во тој случај е можно и работата на вакцината да биде одложена или да се развие силна конкуренција па вакцините ќе завршат само во развиените земји.

– Ако ова сценарио се оствари, ќе видиме пораст на сегрегацијата, популизмот и ксенофобијата, нагласи Гутереш.

Според тоа, вели Гутереш, земјите ќе станат поизолирани, а светот нема да биде во состојба да организира единствена влада за решавање на заедничките проблеми. Како резултат на тоа, предупредува генералниот секретар на ОН, може да дојде до глобална економска депресија која ќе трае најмалку пет до седум години пред светот да се врати во нормала.

Тој напоменува дека сега тешко е да се каже во кој правец оди светот, но потребно е да се направи се што е можно и да се подготвиме за најлошото. Пандемијата покажа дека однесувањето треба да се смени, а изолирањето и себичноста е опасност сама по себе.

Гутереш напоменува дека е неопходно да се преиспитаат моменталните форми на меѓудржавна соработка, во рамките на која ОН и нејзините тела, Светската банка, како и ММФ и регионалните организации тесно ќе соработуваат.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button