Оние што некогаш носеле шишки многу добро знаат колку тие можат да бидат напорни за одржување.
Покрај тоа што морате редовно да ги потскратувате за да не ви влегуваат во очите, многу често знаат да бидат и непослушни и тешко можете да ги скротите. Но кога се уредни и средени, на лицето му даваат совршена рамка и делуваат префинето и елегантно, а згора на тоа и веќе неколку сезони се во тренд, па доколку решите да ги „фурате“, еве неколку совети со кои шишките секогаш ќе изгледаат беспрекорно.
https://www.instagram.com/p/BsdcnSuAb7J/
Сушете ги со фен
Ако не ги сушите со фен можат да ви изгледаат неуредно. Затоа најдобро е секогаш да ги сушите на овој начин, што навистина и не одзема толку многу време, а дава сјајни резултати. Можете да користите фен и кога ќе се разбудите со разбушавени шишки и ви е потребна брза метода со која ќе ја вратите вашата фризура на свое место. Во таков случај само малку попрскајте ги со вода како полесно би ги обликувале.
Фенирајте во вистинската насока
Насоката во која ја сушите косата исто така игра значајна улога во конечниот изглед на вашата фризура. Фризерите советуваат дека шишките треба да ги сушите од лево на десно, и притоа да користите округла четка.
https://www.instagram.com/p/BsgHqyRhBDe/
Не треба да претерате со производите за стилизирање
Ако сакате вашите шишки подолго време да стојат на свое место, најдобро е на нив да нанесете малку лак за коса, но внимавајте тоа треба да биде навистина малку, бидејќи во спротивно може да делуваат валкано и лепливо.
Правилото „помалку е повеќе“ вреди и за сите други производи за стилизирање на коса.