Вирално

Како мала сите и зборуваа дека е најгрдото девојче на светот. 25 години подоцна изгледа вака и на сите им ги затвори устите

Advertisement

Лизи Веласкез, дури и кога се родила, не изгледала како сите други деца. На раѓање имала само 900 грама и веднаш било јасно дека нешто не е во ред.

Advertisement

Дури и како бебе, таа добила страшна дијагноза – Марфанов синдром, состојба поради која телото не може да ја добие или да ги задржи мастите. Освен што е екстремно тенка, таа и старее побрзо од другите и е слепа на едно око.

Поради многу карактеристичниот изглед, децата ја избегнувале откако знае за себе. Потоа зборуваа дека таа е најгрдото девојче на светот. Децата постојано и кажувале дека е “одвратна”. Во интервју за британската „Дејли мејл”, вели дека како мала „не сфаќала дека е различна од нејзините врсници” и дека мисли дека сите изгледаат како неа. Работите се влошиле кога на возраст од 16 години направила профил на Интернет. Тука потполни странци и пишуваа дека е наказа и дека е „најдобро да си го одземе животот сама”. Видеото со навредите кон неа стана гледано и таа падна во депресија.

Advertisement

Но Лизи сепак успеа да собере сила и да ја искористи ваквата популарност што ја доби преку Јутјуб и истата да ја сврти максимално во своја корист. Денес таа е познат мотивациски говорник, и гордо го покажува својот нов изглед.

Кога ќе го слушнете нејзиниот говор, ќе ви стане јасно дека оваа дама им ја затвори устата на сите и дека не се срама поради изгледот бидејќи тој и ја дал смислата на животот – да им помогне на сите оние на кои другите ги исмеваат и да им покажат дека имаат сила да бидат и тие среќни.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button