Вирално

Како изгледаше Цеца кога беше во затвор – фотографијата што пејачката радо би ја запалила направи хаос на социјалните мрежи

Advertisement

Светлана Цеца Ражнатовиќ и српскиот политичар Чедомир Јовановиќ веќе со години не се во добри односи.

Advertisement

Последната нивна заедничка средба беше на роденденот на близначките на Жељко Јоксимовиќ. Тогаш порталот „Информер“ објави дека Чеда и покрај тоа што сакал да ја избегне пејачката, не успеал во тоа, а сите забележале дека Цеца не го поднесува. Имено, тие се во лоши односи уште од 2003 година, бидејќи Чедомир Јовановиќ бил виновен за нејзиното апсење во акцијата Сабја, по убиството на српскиот премиер Зоран Џинѓиќ.

Во тоа време Јовановиќ беше потпретседател на владата, па медиумите пишуваа дека инсистирал фолк дивата да биде задржана во притворот и тоа во нехумани услови. Цеца ваквите наводи не сакаше да ги потврди, но истите никогаш ги нема ни демантирано.

Advertisement

„Јас мојата голгота ја поминав. Ме уапсија и ме ставија во затвор подолго од било кој мафијаш. Оние кои тоа го направија на мене и на моите деца совеста им е најголема казна“ – беше единственото нешто што Цеца го кажа за 121 -те денови што ги помина зад решетки поради обвинение дека е во контакт со земунскиот клан и затајување на данок во ФК „Обилиќ“ што го наследи од својот сопруг, Жељко Ражнатовиќ.

Но ова не е единствената причина што тие не се во добри односи. Имено, пред неколку години, Чеда Јовановиќ објави и фотографија од Цеца направена во затворот, јасно ставајќи до знаење дека пејачката своевремено била зад решетки и дека има дамки во минатото. Монтажа или не, неговата порака беше јасна, а Цеца ова никогаш нема да му го заборави.
.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button