Како вистинска принцеза – ова е најубавиот фустан што досега го носела Меган Маркл
Едно од најволшебните изданија на Меган Маркл
Принцот Хари и Меган Маркл се вратија во Австралија од излетот по околните острови, а по враќањето присуствуваа на доделувањето на географските награди во Сиднеј. Војвотката од Сасекс за оваа пригода се појави во фантастично издание со кое никого не остави рамнодушен.
Имено, таа на приемот на кој беа доделени награди на истакнати географски стручњаци носеше фустан од Оскар де ла Рента од 10.000 фунти. Во прашање е скапоцено издание од светол тил и црна тантела која што имитира интересен дезен од јато птици, а на 37 годишната поранешна актерка изгледаше сензационално додека гламурозниот крој кој се шири во пределот на половината го сокри нејзиниот труднички стомак.
Покрај фустанот за кој уште многу време ќе се зборува, Меган „фураше“ и елегантни високи потпетици кои досега ги носеше неколку пати, а целото издание го зачини со долга, пуштена коса и децентна шминка.