Реклама
Кожа и нокти

Како би требало да изгледа нашата утринска бјути рутина?

Реклама

Време е за совети од нашите познати мејкап артисти

Пречувствителната кожа не е реткост, туку правило, а тоа го потврдуваат и бројните истражувања според кои две третини од жените ги имаат симптомите на (пре)чувствителна кожа. Таквата кожа склона е на реакција на внатрешни и надворешни влијанија, а интересно е што покрај стресот за чувствителната кожа штетни се и некои бјути ритуали како што се претерано изложување на сонце или користење на несоодветни и непроверени козметички производи. И ова не се однесува само за оние што имаат пречувствителна кожа, туку и за сите што користат непроверени производи со кои можете да направите сериозно оштетување. Од друга страна постојат и многу добри козметички производи и сакајќи да дознаеме нешто повеќе за нив, но и за многу други бјути трикови кои би можеле да ни бидат корисни, решивме почесто да разговараме со нашите мејкап артисти, а се со цел да ги откриеме техниките, односно да го совладаме најдобриот начин на кој треба го негуваме нашето лице. Овој пат разговаравме со една млада и мошне талентирана девојка, која ја прашавме за нејзините бјути рутина што ја практикува и што ја прави секое утро. Станува збор за Фросина Ангеловска, девојката којашто стои зад модното студио Фран, а која во нашето неодамнешно интервју ни го откри следново:

Маркетинг

„Негата на лице е клучна за добриот целокупен изглед на една девојка, а рутината на одржување на лицето според мене започнува навечер бидејќи тогаш се случува регенерацијата на кожата и тогаш е потребно да и дадеме поголем ,,boost,, Бидејќи сум личност која секојдневно носи ,, full face makeup“ негата за мене започнува со темелно чистење на лицето. Доколку се работи за шминка која бара повеќе време за отстранување (светки , трепки и сл) започнувам со ,,makeup remover“ а потоа еднаш до два пати добро го мијам лицето со ,,face wash“ . Гледам да ги одбегнувам влажните марамчиња за целосно отстранување на шминката бидејќи прават механички пилинг на кожата. Значи добро,темелно чистење и никогаш, АМА НИКОГАШ немојте да спиете со шминка!“ 

Маркетинг

„Потоа ставам интензивен (ноќен) серум за лице и ноќна крема (сите девојки над 25-тата година треба да практикуваат креми со ,,early anti age complex“ бидејќи стареењето на кожата е процес кој подобро е да го забавите дур е време, него да го оправате со ботокси кога веќе ке се случи…) и потоа си легнувам и оставам 8-те часа сон (во идеални околности) да си го направат останатото…“

„Наутро го мијам лицето со ладна вода за да го освежам, па со топла за циркулација и повторно со ладна вода за да се затворат порите… Нанесувам дневна крема , оставам да се впие неколку минути и почнувам со стандардната шминка…

Шминката од своја страна пак, доколку инвестирате во неа може дополнително да ви ја негува кожата. Денес постојат пудри со витамински комплекси, речиси сите се со барем 15 SPF (uv заштита) и други убави состојки кои ќе допринесат кон зачувувањето и одржувањето на здрава кожа.“

Покрај ова Фросина ни откри и одличен трик како најлесно да ја избереме вистинската пудра, како и многу други работи кои можете да ги прочитате во интервјуто тука.

Фото. Ерина Богоева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button