Реклама
Наши ѕвезди

Како атрактивната стендап комичарка, Ивана Наскова, го прослави роденденот- Погледнете каде отпатува…

И покрај тоа што за дама не се коментираат годните, свеќичките откриваат дека Ивана полни 34 години.

Реклама

Најпопуларната македонска стендап-комичарка Ивана Наскова денеска слави роденден. Таа на оригинален, забавен начин им  соопшти на фановите дека денеска е за една година постара.

И покрај тоа што за дама не се коментираат годните, свеќичките откриваат дека Ивана полни 34 години.

Маркетинг

Видеото кое што го сподели на нејзиниот инстаграм профил ги насмеа нејзините следбеници.

Дотерана во свечен фустан во кралска сина боја, во домашен амбиент, седната на кревет, таа ги дувна свеќичките многу серизона. Потоа го зема шампајнското во рака и наздарви со гледачите.

Маркетинг

Но откако ќе ја тргне чашата одеднаш прекрасната Ивана ја гледаме на некое рајско место со морска шир пред неа.

Насмевната го слави роденденот на некоја убава летна локација, не случајно напишала на објавата.

„Најдобар начин за прослава“.

 

Неодмана ние направивме интервју со неа во кое така кажа:

– Нашата публика сака да се смее иако знаат да бидат малку “стегнати” и им треба време да се опуштат за да ракоплескаат и да се смеат на глас од срце без да гледаат одоколу дали некој ги гледа. Затоа што мојот материјал е доста “провокативен” јас обожавам кога дел од нив ќе се шокираат што една девојка зборува на такви теми, кои обично се “резевирани” за мажи, но отсекогаш сакав да бидам “бунтовник” ама со причина. Време е да разбереме дека светот оди напред и некои работи нема потреба да се табуа. И нормално со редовна поддршка и организација на стендап настапи, публиката ќе се навикне и ќе сака редовно да биде дел од овие случувања покрај излегувањето во кафани. Некогаш да направите промена е убава работа.

 

А на прашањето како ја одржува убавата линија таа ни одговори:

– Тајната е во тоа што немам нервози 😄 Немам маж и деца па не стареам и спијам колку што сакам (хахахаха). Шега на страна, благодарам за убавите зборови. Во принцип гледам да се хранам здраво, не сум љубител на месо и ретко го јадам, па зеленчук и овошје се нешто најзастапено на моето мени. Пијам многу вода и редовно трчам што мислам дека е број 1 причина за да се чувствувате енергично, среќно и релаксирано.

Честитките за роденденот  пристигнуваат од сите страни и тимот на Гламур.мк и го честита роденденот на убавата Ивана.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button