Каков татко таква ќерка – неверојатна сличност на принцот Вилијам и принцезата Шарлот
Омилениот кралски пар Кејт и Вилијам имаат три прекрасни деца – принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.
Откако се родија нивните децата постојано како и родителите се под будното око на јавноста. Секое поглавје во јавноста се проучува, од облеката што ја носат, животните што ги сакаат, па се до тоа на кого личат.
Мора да признаеме дека најголемо внимание привлекува малата принцеза Шарлот. Таа со секое појавување во јавноста го освојува срцето на сите. Иако се шпекулираше и порано на кого личи, односно дали повеќе личи на нејзината прабаба кралицата Елизабет или принцезата Дајана, фотографиите што неодамна се појавија во британските медиуми покажуваат дека е копија на својот татко, принцот Вилијам.
Обожавателите на кралското семејство ја забележаа сличноста помеѓу идниот крал и малата принцеза, по објавените фотографии од венчавката на принцот Евгенија. А тоа дека тие отишле и еден чекор понатаму зборува и фактот дека веднаш пронашле фотографија од принцот Вилијам кога бил на возраст на неговата ќерка. Шарлот иако од нејзината баба Дајана ја наследила преубавата боја на очите и нејзиниот талент да може да им влезе под кожа на сите, па така стана и вистинска ѕвезда во кралското семејство, секако според фотографиите таа е верна копија на својот татко.