И Цеца и Лепа Брена во младоста изгледале многу поразлично – ИСПЛОВИЈА стари фотографии на кои нема да ги препознаете
Фановите се изненадени од нивните фотографии
Лепа Брена во младоста изгледала многу поразлично, а најновата фотографија е доказ за тоа.
Истото важи и за нејзината колешка Цеца.
И двете пејачки за време на нивните богати и успешни кариери изградија имиџ на едни од најатрактивните естрадни ѕвезди. Тие важат за едни од најпопуларните пејачки на овие простори и отсекогаш внимавале на секој детаљ, па затоа и секогаш изгледаат совршено, како божици.
И двете важат за убави дами, кои со години го одржуваат својот изглед, па и денес пленат каде и да се појават.
Нивните патешествија до ѕвезденото небо до најситен детаљ се проследени од будното око на новинарите, а различни периоди од нивната кариера, како и нивните трансформации низ времето се забележани со камери и овие моменти остануваат како сведоци на едно минато време.
Исто така низ годините бројни фотографии од нивната младост се имаат појавено во јавноста, но досега многу ретко сме ги виделе како изгледале како тинејџерки.
Но неодамна на социјалните мрежи испловија досега необјавени фотографии од младоста и на двете пејачки. Поточно од нивните тинејџерски денови.
Тие денес изгледаат многу поразлично, но сепак, кога подобро ќе ги погледнеме фотографиите, се забележува дека во прашање се истите личности.
Посебно по нивната препознатлива насмевка и крупните убави очи, па и со страсниот и продорен поглед што од секогаш го имале.
Цеца како матурантка
Цеца во далечната 1991 година имаше 18 години и неколку хитови зад себе, но и став на вистинска ѕвезда.
Таа за матурската носеше фустан во впечатлива розова боја, црвен кармин и залижана фризура.
Познатата пејачка фотографијата од овој период од животот ја објави неодамна на социјаните мрежи и се присети на минатото, односно на тоа кога имала 18 години.
Таа тогаш веќе беше голема ѕвезда, но и пејачка со голем број продадени албуми. Погледнете…
Погледнете ги и останатите стари фотографии на познатите пејачки…