И на 49 години има тело од кое боли глава – Џенифер Лопез се соблече и ги шокираше сите!
Џенифер Лопез изгледа неверојатно на своите 49 години
Таа и самата го знае тоа, па затоа воопшто не се двоумеше дали да се појави во оскудно издание за „InStyle“.
Поминаа 18 години откако Џенифер Лопез ги остави сите без здив кога на доделувањето на Grammy наградите се појави во фустан од „Versace“. Сега можеме да кажеме дека овие фотографии го повторија тој момент, а од нив можеме да заклучиме дека пејачката не остарела ни еден ден за последните дваесет години. Таа во новото издание на магазинот „InStyle“ ќе се појави во висока мода од „Valentino“, а доколку ја прашате како и успева со години да изгледа прекрасно и која е нејзината тајна, таа најверојатно ќе ви го даде следниов едноставен одговор – „со исфрлање на алкохолот и кофеинот од исхраната, и со многу сон“.
https://www.instagram.com/p/BpmMsYvBPQS/?utm_source=ig_embed
„Внимавав на себе и тоа сега се гледа“ изјави пејачката за себе во една пригода без да глуми лажна скромност.
https://www.instagram.com/p/BpmUX5slsle/?utm_source=ig_embed
„Облините секогаш биле нешто на што во моето семејство и култура сме горди. Џенифер има голем задник и тоа е добро“, го коментира таа самата своето тело, а што се однесува за новата дигитална ера таа вели:
„Порано беше многу полошо. Сега во некоја мера барем самата можам на јавноста да и покажам која сум. Во она време едноставно верувавте во она што го пишува на насловната на некој таблоид. Повеќе време тие наслови не беа вистина или само во мал дел беа вистинити“, заклучи Џенифер.