И на прагот од шестата деценија изгледа брутално – водителката Лила Филиповска во Памела Андерсон издание
За оваа прекрасна жена годините се само бројка
За неколку дена влегуваме во последниот месец од оваа година, но денес решивме да отпловиме малку во блиското минато и овие тмурни есенски денови да ги исполниме со онаа радост што ја чувствуваме сите во текот на летните месеци. И тоа со една од нашите најпознати дами.
Водителката Филиповска неодамна наполни 49 години, но се уште е високо, а ако не и на самиот врв, на листата со најпосакувани жени. Впрочем таа тоа го оправдува како со своите прекрасни фотографии на Инстаграм, така и со бројот на фанови што ги има на оваа хит социјална мрежа.
Овој пат ќе се потсетиме на неколку нејзини фотки од плажа на кои позираше во своите омилени костими за капење.
Една од најубавите фотки од ова лето
И додека многумина од нас не заминаа никаде, Лила сепак успеа и ова лето да си ги наполни батериите.
Лила нема проблем да се пофали со своето совршено женствено тело, а нејзините фотографии секогаш добиваат илјадници лајкови. Посебно кога позира во едно вакво Памела Андерсон издание со кое никого не остави рамнодушен.
Не изостануваат и комплиментите од нејзините фанови кои само се нижат под секоја од фотографиите.
Што се однесува до нејзините последни, есенски моменти што ги има објавено на Инстаграм, можеме да видиме дека таа се уште се чувствува златно. Впрочем секоја нејзина фотографија е мелем за очи, а како таа изгледа и каков стил фура оваа сезона, погледнете во продолжение.