И најпознатите манекенки може да и позавидат- Лила покажа со што располага и ги остави сите без зборови
Кога станува збор за неа нема сомнеж дека со текот на годините е сè поубава!
Една од најпопуларните, но и најзгодните водителки во Македонија уште еднаш ги покажа своите атрибути.
Лила Филиповска која ја гледаме како домаќин на квизот „Се или нешто“ секој работен ден на Сител е доста активна на социјалните мрежи, па често рекламира најразлични брендови, а сега за потребите на еден таков таа уште еднаш покажа со што располага.
Овој пат таа ги истакна своите совршени нозе и деколте во свилено фустанче, кое повеќе открива отколку што покрива.
Лила уште еднаш покажа со што располага, па иако неодамна наполни 50 години на нејзината фигура може да и позавидат многу помлади девојки.
Како минуваат годините таа изгледа се подобро и подобро, а тоа впрочем може да се види и од нејзините фотографии.
Елегантна, префинета и речиси секогаш облечена како за црвениот килим, Лила дефинитивно е една од најдобро облечените жени на јавната сцена во Македонија.
Инаку малкумина знаат дека нејзините почетоци во работата се врзани за здравството, поточно социјалните грижи, зашто Лила започнала да работи како сестра – негувателка, но бргу сфатила дека поривот ја влече кон нешто што поврзано со јавната професија, па во тогашната „Зимско рекреативната програма“ на МТВ ги направила првите водителски чекори.
Лила краток период се занимавала и со музика, најпрво во дует варијанта со колегата Александар Блажевски во „Само љубовта“, па набрзо потоа и со својот тогашен водителски партнер, Крумислав Мишко Барзов во нивниот музички „Земјотрес“, а потоа и соло песните: „Ти верував до крај“, „Сонувам“, „Кам, бејби кам“.
По разводот со својот тогашен сопруг Орце Димитровски, некогашен водач на групата „Ариа“ и нивниот музички излет на фестивалот „Охридски трубадури“, таа ја батали музичката кариера, целосно посветувајќи му се на она, во што е неприкосновена – ТВ водителството.
Нејзината популарност ескалирала со квизот „Енигма“, нејзиниот прв и омилен квиз, кој беше пандан на квизот што и го одбележал детството, „Квискотека“.
Наредните години водела ток-шоуа и забавни емисии, еден од нив бил „Таму кај што си“ со Мишко Барзов, а последниве години повторно се вратила на својата прва љубов – квизот, но и на музиката па сними дует песна со Филип Пешевски.