Истражување докажа: Психопатијата и нарцизмот се особини на ниските мажи

Со оглед на тоа што #ShortKingSpring етренд на социјалните мрежи од почетокот на оваа година, се чини дека на стереотипот за „висок, темен и убав“ му помина времето.

Срцекршачите Џо Џонас и Том Холанд, и двајцата со ниски, но често може да ги видиме како гордо чекорат на црвениот тепих со нивните повисоки поубави половини, Софи Тарнер и Зендаја.
Американска студија покажа дека пониските мажи имаат тенденција да бидат помоќни.
Моника Козловска која работи на студијата од Универзитетот во Вроцлав во Полска, рече: „Доколку луѓето не можат да бидат физички застрашувачки, тие можат да станат психолошки застрашувачки“.
„Пониските луѓе со особини како психопатија ги користат за да добијат почит од останатите луѓе, но и да ги импресионираат партнерите“.
„Прикажувајќи се себеси како помоќни, ќе направат друите луѓе да ги доживуваат повисоки отколку што се“.

За студијата, објавена во списанието Elsevier, Personality and Individual Differences,Козловска го истражувала таканаречениот „Наполеонски комплекс“.
Ова е доминантен или агресивен став што го покажуваат пониските луѓе кои го компензираат нивниот недостиг на висина.
Именуван е по францускиот водач Наполеон Бонапарта, за кој беше пријавено дека бил или 5’2″ или 5’7″, а и во различни историски извештаи и бил исмејуван од британските весници за неговата висина за време на Француската револуција.
Неговите непријатели го прикажувале и како лут човек кој бара моќ и војна, а неговиот наводен помал раст бил поврзан со овие карактеристики.

Истражувачите анкетирале 367 мажи и жени, а учесниците биле прашувани колку се согласуваат со фразите како што се „Јас имам тенденција да манипулирам со другите за да ја постигнам мојата цел“.
Од добиените одговори на учесниците им било дадена оценка која покаќува колку јако е астапена нивната психопатија, нарцизам и макијавелизам.
Секој учесник, исто така, мораше да открие колку е висок, како и да покаже колку е задоволен од својата висина.
Резултатите покажале дека пониските учесници од двата пола кои сакале да бидат повисоки, имаат тенденција да добиваат повисоки резултати за сите три од горенаведеите мрачни особини.

Сепак, нарцизмот бил особено силен кај машките учесници во оваа категорија, додека кај жените ја нема оваа особина.
Истражувачите претпоставуваат дека овие асоцијации може да се препишат и на еволуцијата.
Тие напишаа: „Пониските мажи бараат почит, имаат големи побарува од другите, за да стекнат ресурси и да ги импресионираат своите љубовни партнери“.
„Пониските жени се служат со измама за да изгледаат попосакувани или да добијат заштита и добра“.

ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин