Реклама
Новости

Историска сцена, вакво нешто не сте виделе – Брена и Пријовиќ плачат и се гушкаат, публиката во транс

Пријовиќ неколку пати плачеше пред публиката, и првата и втората вечер, но посебно емотивен момент беше кога на сцената излезе Лепа Брена...

Реклама

Пејачките ги изненадија сите

Познатата фолк-пејачка Александра Пријовиќ одржа концерти за кои уште долго време ќе се зборува на целиот Балкан.

Таа направи спектакл што ќе се памети, а еден од најемотивните моменти беше кога на сцената и се придружи Лепа Брена.

Маркетинг

Најголемата балканска ѕвезда ја изненади својата снаа кога се појави на сцената без таа да ја забележи, а потоа почнаа да пеат заедно.

Маркетинг

Но најемотивниот момент беше кога се прегрнаа, па и двете совладани од емоциите, не можеа да ги сопрат солзите.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Најпрво Александра пушти солзи, а веднаш по неа и Брена која откако ја виде не можеше да издржи, па заплака пред публиката.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Тие веднаш беа наградени со огромен аплауз и овации, а на социјалните мрежи испливаа безброј снимки од овој момент што ги воодушеви сите.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

„Една и единствена, засекогаш! И сите имаме чест да живееме во времето на Лепа Брена“, изјави Александра додека гласот и трепереше , а и публиката не можеше да остане имуна.

„Ви благодарам многу драги мои. Мислам дека песната може многу повеќе да каже отколку што можеме да зборуваме“, изјавија пејачките по што Брена реши на сцената да го повика и сопругот на Пријовиќ.

Ве молам за еден голем аплауз и за Филип Живојиновиќ – додаде пејачката по што публиката го поздрави нејзиниот посинок.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Инаку, тие и двете беа спектакуларно облечени за овој настан, а за едно издание за кое Пријовиќ издвоила скоро 5000 евра, прочитајте тука.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Како изгледаше емотивната средба на овие две жени пред преполната Арена во Белград, погледнете во видеото на почетокот од текстот.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button