Прво сопругот нашол сигурна работа, па го подготвиле станот да биде функционален, ги запишале децата во училиште и нашле клуб каде ќе продолжат да тренираат кошарка.
По неколку месеци тие почнале со своето секојдневие во Германија, раскажа за Дојче Веле Снежана Чујиќ која со семејството се пресели да живее во Германија. Ова во кратки црти е нејзината животна приказна.
Животот на две адреси, сопругот со постојано вработување во Германија, децата и јас во Србија, веќе по месец и пол ме мотивираше да ги употребам сите мои способности за моето семејство повторно да биде заедно, а тоа значеше прво да се најде стан во Германија.
Од моите пријатели знаев дека барањето стан во оваа земја може да ви причини главоболки. Од друга страна и претераната доза на информации понекогаш може да има негативен ефект, па решив да се потпрам на факторот среќа, бидејќи во рацете имав само еден платен лист од сопругот, а ме уверуваа дека за изнајмување стан ми се потребни барем три.
Што е Шуфа?
Снежана потоа додава дека најголем проблем имала со Шуфа (Schufa) – документот што ја отсликува кредитната способност, а собирањето на сите потребни документи за изнајмување на стан за неа преставувало вистински кошмар. Таа по грешка порачала три исти документи, преку интернет, и одвај успеала да објасни дека настанал проблем и да ги врати парите од следните две порачки кои не и требале. Тогаш сфатила дека во иднина мора да биде повнимателна со нарачките преку интернет, а во сите тие преписки преку меилови писмото за станот залутал во спам.
Но на крајот нашле стан, а потоа следувало пакување. А пред да се спакува, таа решила да посети и фризер и забар, како што тоа го прават и сите останати гастербајтери.
Патување
На пероните тажна слика. Дури три автобуси што заминуваат за Германија. Сцените со луѓето што се поздравуваат кои ги оставаат своите семејства во надеж дека во поскоро време ќе добијат термин во амбасадата за спојување, личи на филмски, на оние уводни, кои се само увертира во заплетот на границата со Унгарија. Сите излеговме надвор на преглед на пасошите и започна претресот на автобусот. Бараат цигари и алкохол. Тоа траеше подолго од еден час и додека чекавме љубопитно ги набљудував патниците кои нервозно гледаат во телефоните и испраќаат пораки. Дури тогаш во колоната стана јасно колку луѓе заминуваат од Србија надевајќи се дека конечно животот ќе го земат во свои раце и на тој начин да обезбедат на своето семејство подобра иднина
Следната контрола беше на германската граница. Патниците со српски пасоши мораат да одговорат на неколку прашања – каде одат, колку остануваат и колку пари носат со себе? Оние што имаат пасош од Европската унија се спасени од тоа. Ни посакаа добредојде и среќно патување.
Празен стан и папирологија
Конечно стигнав! И додека влегував во празниот стан имав чудно чувство по напуштањето на сопствениот, целосно наместен. Си го вртам филмот во главата и размислувам дека повторно морам да правам списоци за купување на работи кои всушност веќе ги имам. Ми одекнува гласот додека ги разгледувам просториите, а погледот ми е на опремената кујна, што е вистинска реткост.
Имавме среќа и купивме поволно половни работи. Културата на подарување на мебел ми остави најголем впечаток иако за тоа слушнав разни приказни, но кога здогледав куп мебел пред зградите ќе сфатите колку е тоа практично решение. Решавањето на административните проблеми оди заедно со средување на станот. По пријавата за престојот, поштенското сандаче просто беше претрупано со пликоа што докажува дека се’ функционира совршено. Доставувачите на весници и проспекти како да се тркаат кој побрзо ќе во го затрупа. Конечно ни светна и сијаличката на рутерот и не сме единствените кои по пронаоѓање на стан приклучувањето на интернет ни создаде големи маки.
Нови комшии
Излезе дека спроти нас живее семејство од Осиек, а децата во училиштето прво се запознаа со девојчиња од Зрењанин и Тузла. Тие веќе оформиле друштво од Албанија, Полска, Јужна Кореја, Кина и секако домашни што на децата им олеснува да го научат јазикот. Школото има разработен програм наменет за новите ученици чиј мајчин јазик не е германски. Не морав да преведувам ништо од документите за упис со образложение дека е јасно се од приложеното како и тоа дека имаат разбирање за трошоците околу селењето така што не сакаат да не изложуваат на дополнителни трошоци.
Како доказ дека системот функционира, во текот на цела година го знаете точниот датум на уплата на детскиот додаток кој по дете изнесува 204 евра. Тоа не се малку пари кога ќе ги ставите на хартија сметките од кои се гледа дека само за станот месено ни се потребни 800 евра, а за струја и гас 120 евра. Сигурно ќе ни биде полесно кога и јас ќе најдам работа.
Ново секојдневие
Нашето семејство конечно е во полн состав во Германија. Нашите очекувања беа реални, темелната подготовка вроди со плод. Прво сопругот најде стабилна работа, па го наместивме станот да биде функционален, ги запишавме децата во гимназија и пронајдовме клуб каде ќе тренираат кошарка.
Кога ја напуштив својата држава моите емоции беа променливи – од тага, бидејќи ќе ми недостига домот, семејството и пријателите, до среќа и загриженост што заминувам во нешто непознато, во ново опкружување и сите заедно тргнуваме практично од почеток. Но сето тоа е во втор план кога ќе ја видите насмевката на вашите деца и воодушевувањето кога ќе им соопштите дека ќе им ја исполните желбата дел од распустот да поминат во Белград.