CelebrityНовости

Исплови стара фотографија од Тања Савиќ со труднички стомак и во прегратките на сопругот, кога љубовта им цветаше!

Advertisement

Еве како изгледаше Тања Савиќ пред 10 години, кога беше трудна и во љубов со нејзиниот сегашен сопруг.

Тажната приказна на Тања Савиќ веќе со недели привлекува големо внимание во јавноста, а нејзината борба за синовите кои нејзиниот сопруг ги однесе во Австралија и не сака да ги врати, а за која не сакаше веднаш да зборува за медиумите, се претвори во вистинска агонија.

Advertisement

Со месеци популарната фолк-пејачка е раздвоена од своите синови, а од сопругот проживува вистинска тортура кога е семејството во прашање.

Advertisement

Таа се обиде да ја сокрие ситуацијата од медиумите и на мирен начин да го реши проблемот со Душан, со кој беше десет години во брак.

Но ситуацијата ескалираше откако пејачката заврши блокирана и откако и беше одземен контактот со нејзините деца.

Погледнете како изгледаше Тања во 2010 година, бремена и во љубов со нејзиниот сегашен сопруг кој и го направи сето ова.

Фото: Свет

Фото: Свет

За жал љубовта по сите немили настани помеѓу нив не само што згасна, туку и се претвори во вистинска агонија.

Пејачката деновиве за целата ситуација ги извести надлежните институции во Србија, но и во Австралија, а најголема поддршка во овие тешки моменти за неа се нејзините родители кај кои престојува сето време.

Сепак, иако Тања сега живее кај родителите многумина се сеќаваат дека во 2014 пејачката се пожали пред јавноста дека родителите, мајката Живана и таткото Синиша, ја измамиле така што и го одзеле имотот вреден преку сто илјади евра. Еве за што стануваше збор тогаш.

Фото: Нови ба

Фото: Нови ба

Фото: Нови ба

Фото: Нови ба

Фото: Нови ба

Тања тогаш прв пат дојде да живее во Србија од Австралија заедно со Душан и синовите Максим и Ѓорѓе. Тие тогаш изнајмија голем стан во Белград, а на таков чекор се одлучи откако сфати дека ќе и пропадне кариерата ако не се врати на овие простори, иако нејзиниот сопруг се противеше на тоа. Неколку недели по враќањето, Савиќ се огласи и раскажа дека е во судир со родителите, а тогаш ја објасни и причината за нивното недоразбирање.

Фото: Курир

„Јас во 2011 година купив куќа и ја запишав на името на татко ми. Со години претходно и давав пари на мајка ми да ми г чува, а кога го купив тој имот и дадов уште 20 илјади евра за да го реновираат. Сега кога дојде време дека ми требаат пари, не добив одобрение дека можам да ја продадам куќата“, се пожали Тања пред новинарите во 2014 година.

„Ме измамија луѓе од кои за тоа најмалку се надевав, и тоа многу ме боли. Ние до претходната сабота бевме во добри односи, а тогаш се случи конфликт преку кој не можам да поминам. Бев кај нив да ги земам документите од куќата што јас ја купив и која сакам да ја продадам. Татко ми не сакаше да ми го даде. Куќата стои празна, а на мене таму ми е далеку да живеам бидејќи децата се навикнаа да одат во градинката каде што сме сега. Сакам да ја продадам за да не живеам повеќе како потстанар и да морам да плаќам голема кирија. Со тие пари би купила некаква куќичка, дел би заштедела, а дел би им испратила на родителите, без разлика на се’“, изјави тогаш познатата пејачка за „Курир.рс“.

Фото: Марина Лопчичиќ

Нејзините родители најверојатно сакале да го сочуваат нејзиниот имот, запознаени со проблемите што ги има таа во бракот. Тие најверојатно заради тоа не сакале да ја продаде куќата во 2014, пишува српскиот Курир. Тие неколку недели откако нивниот конфликт исплови во медиумите, се смирија, а сега, кога на Тања и е најтешко, таа живее во нивниот дом и тие се нејзина најголема поддршка.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button