Реклама
Наши ѕвезди

Исплови стара фотографија од Благица Павловска – погледнете како изгледала пејачката во цутот на младоста

Реклама

Без нејзините песни не може да помине ниту една прослава во Македонија.

Таа е кралица на фолк-музиката, а на сцената опстојува долги години.

Маркетинг

Македонската пејачка Благица Павловска уште на почетокот на својата кариера се стекна со огрмна популарност.
И покрај тоа што во последно време можеби ја нема толку често на медиумите колку што заслужува, фолк-пејачката Благица Павловска дефинитивно е македонска естрадна дива.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Зад себе може да се пофали со богата кариера и многу хитови кои буквално нема човек во земјава, а да не ги знае.
Нејзината музика ја слушаат и млади и стари, а таа не престанува да ниже хитови.

Маркетинг

Популарноста ја стекна во 90-те години, а песните како „Не можам да те заборавам“, „Чукај, чукај срце“, „Цело Скопје“ се песни без кои не може да помине ниту една веселба во земјава.

Доста е активна на Фејсбук, каде најчесто споделува апели за помош на уличните животни. Таа премногу ги сака животните и секогаш во нејзиниот дом има миленичиња.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Дека навистина не се двои од нив, докажува и тоа што на свадбата на нејзината колешка Јасмина Мукаетова се појави со нејзините три кучиња.

„Трајче, Џесика и Линда се моите срцки. Ги најдов на улица напуштени и си ги земав. Ги вдомив и сега домот ми е весел со нив. Љубов без граници е тоа. Тие само знаат да сакаат да ти дарат љубов , да те расположат. Кога ги најдов напуштени и запуштени срцето ми се скина од жал. Немаше шанса да ги оставам. Редовни посетители сме кај доктор Марин Величковски, прочистени, вакцинирани, избањати.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Јас постојано сум на релација Скопје- Охрид и тие се со мене. Се навикнаа да се возат и уживаат на задно седиште. Не ги чувам во бокс додека се возат. Тие се научени веќе на патување и нема никаков проблем. Мирни се и што е најважно ако се земени од различни места се запознаа, се засакаа и се дружат меѓу себе. И сега кога требаше со Тале да одиме на свадба кај Јасмина доаѓавме од Охрид, но потоа одевме за Скопје и немаше никаква шанса да ги оставам сами. Кога дојдовме во ресторанот вработените ни излегоа во пресрет, па ги сместивме во бокс и им ставивме вода и храна. Кога заврши свадбата си дојдовме во Скопје“, изјави тогаш Благица.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Пејачката никогаш не ја криела својата приватност од јавноста и секогаш отворено зборувала за тоа.
Таа пред неколку години склучи граѓански брак со нејзиниот партнер и ова и е втор брак на пејачката.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Павловска не крие дека е голем верник и дека секојдневно се моли на Господ за доброто на сите, но и дека следи предавања од монаси и духовни луѓе преку социјалните мрежи.

„Кога ќе се сретнеш со Бог како што се сретнав јас, тогаш ќе ја осознаеш вистинската љубов. Сите други работи само нè прават поагреcивни“ изјави искрено легендарната пејачка

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Во изјава за ТВ магазинот „Бекстејџ“ од пред три години, Благица пред камери откри дека во последно време батериите ги полни во домашна атмосфера, помалку настапува, а исто така компонира и музика.

„Во последно време повеќе сакам да се одмарам и да се релаксирам отколку да пеам. Наместо да настапувам по кафеани, кога сум слободна компонирам и правам музика, тоа повеќе ме исполнува во моментов. Живеам со моите кучиња и тие имаат можност да ме слушаат во живо и пред нив одржувам концерти“, изјави тогаш познатата фолк пејачка за „Бекстејџ“.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Оваа ситуација не се промени ни овие години. Но, овој пат тоа е поради пандемијата коронавирус.

Се чини најпогодени од кризата се музичарите и угостителите, на кои никако не им е дозволено да работат. Музичарите немаат настапи повеќе од една година, па нивните финансии се сѐ помали. Токму затоа протестираат и јавно се бунат против рестриктивните мерки на Владата.

Но, по се изгледа ваквата ситуација не ѐ пречи многу на Благица. Таа откри и како го поминала периодот во изолација.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

„Мене ми одговараше да бидам затоа што си завршив многу нешта што сакав околу куќата“, истакна Павловска за гледачите на ИН ТВ.

Изминатиов период сепак го искористи за малку да се посвети на својата професија. Таа на социјалните мрежи објави фотографии од студио на кои се гледа дека нешто ново „се крчка“.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

„Малку работно, малку на гости во Џевахир во домот на фамилија Миладиновски. Преубав поглед на скопската околина, претопол дочек на домаќините. Нека е среќно, вековито, бериќетно“, напиша Благица на Фејсук.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Пејачката инаку во младоста важеше за една од наjзгодните пејачки на естрадата. Секогаш привлекуваше внимание со својот еcцентричен изглед, но и бујните атрибути.

Никогаш немаше проблем да истакне повеќе отколку што треба, затоа што изгледаше неверојатно.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Таа наскоро ќе напони 63 години, а од фотографиите на Фејсбук можеме да видиме како таа за време на нејзината повеќедецениска кариера го менувала својот имиџ.

Погледнете уште неколку фотографии со кои се потврдува заносниот изглед на нашата фолк-дива, но и тоа дека со годините не се променила премногу бидејќи ја задржала својата харизма и убавина.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

 

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

 

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

 

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

 

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

 

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

 

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

 

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

 

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

 

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

 

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

 

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

 

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

 

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button