Исплива стара фотографија- нема да ви се верува како изгледала ШАРМАНТНАТА водителката од „Брза кујна“ пред 17 години
Водителката која имаме прилика да ја гледаме секој ден на малите екрани покажа како изгледала пред речиси две декади.
По заминувањето на Александра Илиевска од емисијата „Брза кујна“, срцето на публиката го освои шармантната Сања Савеска која дојде на нејзино место.
Заедно со шеф Марк и шеф Никола секојдневно споделуваат брзи и лесни рецепти кои се едноставни, но вкусни.
Публиката одлично ја прифати, а таа уште подобро се снајде во улога на домаќин на кулинарското шоу.
Таа е доста активна на социјалните мрежи, па овојпат сподели постара фотографија и покажа како изгледала пред 17 години.
Истата препознатлива насмевка, витка става и убавина, па и после толку време може да се каже дека времето лета, но Сања не се менува воопшто.
-Враќање во минатото – лето 2005-та“, напиша таа.
Инаку во новогодишната честитка Сања на сите им посака желбите да им се исполнат.
-Сигурно имате многу желби, помали и поголеми. Ќе ви посакам сите да ви се остварат, но за тоа ќе треба да го дадете максимумот од себеси, затоа што ништо само од себе не се случува, за се треба многу труд, а желба без труд е пуста желба, затоа засукајте ги ракавите и во 2022 храбро кон целта. Колку и да е тешко и мачно, никогаш не се откажувајте од своите соништа и желби.
Животот е составен од солзи и насмевки, но вие смејте се, и тоа многу и секогаш. Заборавете сè што ви згрешиле, заборавете колку ве повредиле, простете им на сите и простете си себеси затоа што сте им верувале.
И не барајте многу, затоа што среќата е во малите нешта. Среќата е во новото утро, во топлите прегратки, во нежните зборови.
Не барајте да ви се восхитуваат непознати лица за вас, гледајте тие најблиските до вас да се восхитуваат на напорот и времето кое го одвојувате за нив.
Не трчајте по моќ, трчајте кон прегратките на најблиските,затоа што таму е сиот Ваш свет и се за што вреди да се живее!
Во добро здравје, со многу искрена љубов, живејте го секој миг-напиша таа.
А дали и колку е променета од пред 17 години проценете и самите според фотографиите во продолжение: