Исплива досега невидена фотографија од најпознатата манекенка во МАКЕДОНИЈА – ќе ви се стопи срцето, ова е преслатко!
Македонија важи за земја во која има убави жени.
Има многу такви, но една од најпознатите и најубави манекенки во нашата земја е Катерина Ивановска која и покрај тоа што има родено две деца изгледа неверојатно.
На неа нема ниту вишок килограми, ниту пак стрии, а таа гордо го покажува своето совршено тело.
Двете деца имаат уникатни и необични имиња, синот Вања и малата Кира која вчера полнеше две години.
По тој повод Катерина објави досега невидена фотографија која е направена уште во породилиштето кога Кира била штотуку родена.
„Точно пред две години оваа мала херојка ми го освои срцето засекогаш“, напиша таа во описот на фотографијата.
Она што е евидентво е дека и кратко после породувањето Катерина изгледа прекрасно и едноставно блеска!
Голем број честитки пристигнаа од сите страни, а гордата мама ги споделуваше на кратките инстаграм „приказни“.
Инаку пред извесно време манекенката откри дека нејзината ќерка е крстена според нејзиниот татко кој се вика Кире Ивановски.
Катарина и Цобе, таткото на нејзините деца ставија крај на заедничкиот живот. Меѓутоа, Катерина повторно ја најде среќата во љубовта и тоа со Перо Антиќ.
Тие беа забележани заедно на концертот на Тамара во Охрид, додека Катерина танцуваше и му пееше на Перо.
Инаку таа својата кариера ја започнала во 2004 година, а оттогаш навака има соработувано со многу познати модни агенции и брендови.
Освен што одлично се снаоѓа како манекенка и фотомодел, таа имаше една од главните улоги во филот „Трето полувреме“ каде одлично се снајде.