Реклама
Наши ѕвезди

Испливаа стари никогаш видени фотографии од Мето Јовановски од кои ќе ви се насолзат очите

Ова е доказ колку тој беше сакан и обожаван

Реклама

Беше и ќе остане еден од омилените актери

Македонската актерска сцена остана без уште една голема ѕвезда кога на 16 ноември почина еден од нашите најголеми актери.

Мето Јовановски почина на 77 годишна возраст и тоа на истиот ден во кој пред 28 години почина уште еден великан на македонската театарска и филмска уметност, легендарниот Петре Прличко.

Маркетинг

Ова беше тажен ден и тоа не само за македонска јавност, туку и за многу љубители на театарската и филмската уметност од просторите на цела поранешна Југославија затоа што Мето не беше величина само кај нас, туку беше омилен и во овие земји.

Маркетинг

Тој посебно беше почитуван меѓу колегите со кои соработувал во текот на својата кариера и кои беа потресени од тажната вест.

Впрочем тоа може да се види и од објавите на некои од најпознатите актери во регионот кои со неверување се збогуваа од Јовановски.

Но не беа само пријателите и колегите што се збогуваа од Мето, туку и многу негови обожаватели, а колку тој ќе им недостасува на многумина зборува и една објава на фан страната на Фејсбук на Ѓорги Колозов, каде беше објавена една стара фотографија од популарниот актер.

„Македонија завиена во црно

Што да се каже кога не напушта ваква легенда…навираат спомени од Тетовирање, Опстанок, Тумба тумба дивина и безброј други маестрални ролји на великанот Мето Јовановски…

Голема загуба за Македонија, за сите земји од поранешна Југославија, Сигурно големите се договараат да заминат на исти ден, вчера Жарко Лаушевиќ, а денес кога се одбележуваат 28 години од смртта на Петре Прличко, ни замина и Мето!

Вечна слава и незаборав!“, пишува на оваа Фејсбук страница под една фотографија на која легендарниот актер е на свои помлади години. Погледнете ги и останатите објави на познатите јавни личности со него од кои на многумина ќе им се насолзат очите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button