Реклама
Наши ѕвезди

Испливаа детали од соработката на Јордан Митев и Халид Муслимовиќ – целиот Балкан ќе биде воодушевен

Испливаа првите кадри од новиот спот на Халид Муслимовиќ за песната напишана од Јордан Митев

Реклама

Познатиот македонски фолк-пејач Јордан Митев неодамна најави соработка со балканската музичка легенда Халид Муслимовиќ.

Имено, како што и претходно објавивме, Халид ќе ја преработи песната „Ајде сите на нозе“ на Јордан Митев на која тој е комплетен автор.

Покрај новата песна која ќе се вика „Сви на ноге“ се очекува и премиера на спотот кој ќе го режира Дејан Миличевиќ, а првите снимки од снимањето веќе беа објавени на порталот „Најпортал“, а на една од нив е и Јордан Митев како се поздравува со неговиот познат колега.

Маркетинг

Инстаграм/ Халид Муслимовиќ, Најпортал

Потсетуваме, Јордан Митев претходно на социјалните мрежи откри дека очекува соработка со еден од најпознатите фолк пејачи на Балканот.

Маркетинг

Фејсбук/ Јордан Митев

Тој потоа објави и неколку фотографии на кои е со Халид, а кои беа направени во неговиот дом во Подареш.

Фејсбук/ Јордан Митев

Овие фотографии веднаш станаа вирални, а од нив можевме да видиме како Јордан го пречека својот драг колега.

Фејсбук/ Јордан Митев

„Добрата песна ќе си го најде својот пат, порано или подоцна, колку и да сакаат некогаш да ја маргинализираат, а со тоа и да ве маргинализираат како човек. Вистинските луѓе не мора да ги барате, сами ќе ве најдат. Наскоро ‘Ајде сите на нозе’ во изведба на една од најголемите легенди на балканската фолк музика, Халид Муслимовиќ“, напиша тогаш Јордан на социјалните мрежи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button