Ирина во овој фустан од најпосакуваниот зимски материјал е вистински мелем за очи
Ирина Шајк беше во центарот на вниманието на отворањето на продавницата „Porcelanosa“ во Кастелона.
Од самиот момент кога, ангелот на Викторија и поранешната девојка на Кристијано Роналдо го пленеше вниманието на сите, како поради својата популарност, така и поради нејзиниот беспрекорен изглед.
Имено, убавата манекенка за оваа пригода „фураше“ елегантен црн фустан од кадифе, омилениот зимски материјал кој и оваа сезона е меѓу најпопуларните трендови. Симпатичниот фустан со златни нитни и кратки ракави кој е со потписот на „Fendi“, Ирина го заокружи со црни високи чизми и коса која ја носеше распуштена и зачешлана зад ушите.
Инаку, 32 годишна манекенка на забавата се појави без партнерот Бредли Купер, со кого во март минатата година го добија нивното прво дете, ќерката Леа де Сејн.