Ирена Спасовска како Баба Мразица – Познатата фолкерка ги ЗАПАЛИ социјалните мрежи
Убавата фолкерка ги почести фановите со интересни фотографии.
Таа максимално ужива во животот и често споделува интересни фотки и со своите фанови.
Овојпат по повод новогодишните празници Ирена Спасовска сподели неколку фотографии облечена како „Баба Мразица“ и ги вжешти социјалните мрежи.
Иако се работи за постара фотосесија ретко кој може да остане рамнодушен на ваква убавина!
Со кратко здолниште и длабоко деколте, но и капа на главата Баба Мразица Ирена ќе ви ги исполни сите новогодишни желби.
Иако е долги години на музичката сцена таа секогаш знае како да ги привлече вниманието и да направи нешто ново и забавно.
Во последно време се почесто провоцира и објавува фотографии кои ја „скокоткаат“ машката фантазија.
Често може да се види во теретана каде напорно вежба, а сето тоа секако доведува до резултат, п може да се рече дека фолкерката никогаш не изгледала поубаво.
Таа често е средена од глава до пети и изгледа совршено, но нема проблем да позира и без шминка.
Познатата пејачка долги години трае на македонската музичка сцена, а зад себе има многу хитови.
Нејзините почетоци се заедно со Горан и Адријана Алачки. Триото кое редеше успеси во периодот од 1987 до 1994 година додека постоеше.
Настапуваа на сите фестивали и манифестации во Македонија во тој период. Беа познати по песните: „Денес свадба се прави“, „Доста ми се твоите лаги“, „Ова е приказна стара“ во која триото го придружуваше и Ферус Мустафов. Ирена и Адријана беа специфични по имиџот, за секој настап беа облечени во впечатлива креација.
Дваесет и седум години како повеќе не настапуваат заедно, а постарата генерација сè уште ги памети по нивните хитови.