Реклама
Вирално

Инспектори на Град Скопје ги фатија живи вработените во „Ремедика“ како фрлаат медицински отпад на недозволено место

Реклама

Ремедика и ПЗУ Диамед се фатени живи

На фејсбук страната Инспекторат на град Скопје денес се објавени неколку фотографии на кои се „фатени живи“ вработени во болницата „Ремедика“ и приватната здравствена установа (ПЗУ) „Диамед“ како фрлаат медицински отпад во контејнерите за ѓубре за домаќинставата.

Маркетинг

„За наведениот прекршок на лице место излезе и овластен инспектор за животна средина на Град Скопје, кој состави Записник со констатација за сторен прекршок, зема изјави и направи фотодокументација и го предаде предметот на понатамошна надлежност на Државниот инспекторат за животна средина заради изрекување казна на сторителите на прекршокот“, велат од Инспекторатот на Град Скопје.

Маркетинг

Според Законот за управување со отпад и Правилникот за начинот на постапување со медицински отпад, тој треба да фрла во посебни садови во рамките на болниците или здравствените установи. Секоја здравствена установа треба да има склучено договор со депонијата „Дрисла“ за подигнување и транспортирање на отпадот. Потоа тој се гори во печката за медицински отпад на депонијата.

Нов концепт

Инаку, Градот Скопје само пред неколку дена промовираше нова опрема и нов концепт за третман на комуналниот отпад и хигиената на јавните површини во Скопје.

– Од денеска почнуваме целосно да го менуваме ликот на нашиот град. Дел по дел, чекор по чекор во Скопје ќе престанеме да ги гледаме глетките на незатворени и преполни контејнери со отпад, кои околу себе шират непријатна миризба и остават впечаток на нечист град. Денеска, го претставуваме целосно новиот концепт за третман на комуналниот отпад и хигиената на јавните површини во Скопје. За таа цел, градот набави нови контејнери коишто се највисокиот технолошки стандард, познат и применет во Европа. Станува збор за 540 нови контејнери со капацитет од 3.200 литри со коишто ќе бидат заменети над 1.800 од вкупно 4.500 досегашни стари контејнери. Потоа, имаме и 30 контејнери за селектирање на отпад од 2.200 литри. Со оглед на тоа, што станува збор за сосема нов систем, градот набави четири нови комунални возила за третман на овие контејнери – рече градоначалникот Шилегов напрес-конференцијата.

Новите 540 статични контејнери за комунален отпад се речиси со трипати поголем капацитет од досегашните, опремени се со механизам за автоматско затворање на капакот, педала за ножно отворање, рачка за отворање приспособена за користење за лицата со посебни потреби и упатства за правилно користење. Во исто време, во соработка со досегашниот партнер на градот „Пакомак“ набавени се и 30 контејнери со капацитет од 2.200 литри за селектирање отпад, што е двојно повеќе од досегашните контејнери.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button