Индира Радиќ се потсети на своето детство: Вака изгледала на првиот училишен ден!

Индира Радиќ е една од најпознатите пејачки на Балканот, таа е миленичка и на помладата и на постарата генерација. Нејзините хитови се пеат на сите забави и прослави.
Пејачката Индира Радиќ ретко пред јавноста споделува семејни фотографии, но неа овој први семптември посебно и е драг ,па одлучила да покаже како изгледал денот кога таа била во училииште пред неколку децении.
И споменот со нејзината мајка и буди посебно чувство.
– Здраво, септември! На оваа фотографија сме јас и мојата мајка, секој септември ме потсетува на денот кога бев прво одделение, стои под фотографијата на Индира.
Еве неколку интересни работи за Индира кои сигурно не сте ги знаеле.
Пред да дојде во Србија и да стане позната пејачка, Индира Радиќ живела во Загреб, каде што работела како медицинска сестра во болница. Популарната фолкерка е родена во Добој, Босна и Херцеговина, каде што го завршила средно училиште. Нејзината желба била да стане пејачка, но немала поддршка од нејзините родители, па морала да се едуцира за некое “сериозно” занимање.
-Најмногу заради мајка ми, која не сакаше да станам пејачка, се запишав во медицинско училиште. И далечината беше проблем за мене. Најблиското музичко училиште беше во Бања Лука, но тој град е оддалечен речиси шеесет километри од родниот Драгаловац. Од друга страна беше Добој, кој е речиси половина поблизу, но имаше само медицинско училиште. Одбрав да патувам секој ден, но да спијам дома. Имам убави спомени за работата во болницата во Загреб”, вели таа во едно дамнешно интервју за регионалните медиуми.
Погледнете уште неколку фотографии од познатата пејачка:
Еве пејчката како изгледа без грам шминка: