Реклама
Наши ѕвезди

Индира Кастратовиќ спакува куфери и заедно со сопругот замина од Македонија

Реклама

Македонската легендарна ракометарка и нејзиниот сакан ги спакуваа куферите и заминаа кај нивната најсакана и најважна лкчност.

Индира Кастратовиќ е една од најдобрите македонски ракометарки, воедно и еден од најдобрите десни бекови во историјата на ракометната игра.

Маркетинг

Скоро три децении таа е непресушен извор на ракометни приказни.

Таа е најдоброто што ѝ се има случено на македонската женска ракометна репрезентација.

ФОТО: Инстаграм / Индира Кастратовиќ

Започнала да игра ракомет на 15 години во Приедор, каде тогаш живее со своето семејство.

Маркетинг

Во 1994 година доаѓа во екипата на Кометал Ѓорче Петров со што започнува една нова страница во животот и професионалната кариера на Кастратовиќ.

Паралелно нижејќи успеси со Кометал, Кастратовиќ започнува да настапува и за македонската женска ракометна репрезентација со која најголемиот успех го постигнува на СП во Германија 1997 година, каде Македонија го освојува одличното 7 место, а таа е прогласена за најдобар стрелец на првенството со постигнат 71 гол.

ФОТО: Инстаграм / Индира Кастратовиќ

Кулминацијата на нејзиниот ракометен успех ќе биде освојувањето на титулата во европската “Лига на шампиони” со Кометал на 19 мај 2002 година.

Индира Кастратовиќ ја заврши професионалната кариера во 2006 година, а денес е тренер на женската ракометна екипа Вардар СЦБТ од Скопје.

ФОТО: Инстаграм / Индира Кастратовиќ

Индира е долги години во брак со ракометниот стратег Зоран Кастратовиќ.

Круна на љубовта меѓу нив е нивната ќерка Сара.

Индира важи за една од најзгодните жени меѓу јавните личности. Тоа секако се должи на напорните тренинзи.

ФОТО: Инстаграм / Индира Кастратовиќ

За неа буквално како времето да запрело. Оваа жена како никогаш да не старее.

Нејзината гордост, ќерката Сара веќе 5 години живее и студира во САД. Токму нејзиното заминување од дома најтешко им паднало на Индира и нејзиниот сопруг.

Кастратовиќ не се многу активни на социјалните мрежи, но понекогаш знаат да споделат нивни семејни фотлграфии.

ФОТО: Инстаграм / Сара Кастратовиќ

Индира и нејзиниот сопруг одлучија да ја посетат нивната ќерка во САД, а според изразот на нивните лица, тие се неверојатно среќни.

„Моите омилени луѓе дојдоа во посета”, стои во опис на фотографијата која Сара ја сподели на Инстаграм.

ФОТО: Инстаграм / Сара Кастратовиќ

ФОТО: Инстаграм / Сара Кастратовиќ

ФОТО: Инстаграм / Сара Кастратовиќ

ФОТО: Инстаграм / Сара Кастратовиќ

ФОТО: Инстаграм / Индира Кастратовиќ

ФОТО: Инстаграм / Сара Кастратовиќ

ФОТО: Инстаграм / Сара Кастратовиќ

ФОТО: Инстаграм / Индира Кастратовиќ

ФОТО: Инстаграм / Индира Кастратовиќ

ФОТО: Инстаграм / Индира Кастратовиќ

ФОТО: Инстаграм / Индира Кастратовиќ

ФОТО: Инстаграм / Индира Кастратовиќ

ФОТО: Инстаграм / Индира Кастратовиќ

ФОТО: Инстаграм / Индира Кастратовиќ

ФОТО: Инстаграм / Индира Кастратовиќ

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button