Реклама
LIFESTYLEВирално

Има проблеми затоа што личи на Бред Пит: „Постојано се сликаат и бараат афтограми од мене “

Реклама

Многу мажи ќе се согласат дека има полоши работи во животот отколку да ве мешаат со Бред Пит, но 33-годишниот британски градежен работник од Оксфорд, Натан Мејдс не е среќен поради тоа.

Фото: Фејсбук

Маркетинг

Тој тврди дека неговата голема сличност со холивудската ѕвезда му го отежнува неговиот секојдневен живот. „Не можам да одам никаде. Не можам да купувам во продавницата затоа што ме гледаат и почнуваат меѓусебе да си шепотат и туркаат мислејќи дека сум Бред Пит“, се пожали тој.

Иако тврди дека нема никаква сличност, тој признава дека илјадници луѓе му пристапиле во изминатите десет години барајќи автограми, како и прашања и пораки на социјалните мрежи. “Јас не сум еден од оние момци кои мислат дека спажам во групата згодни момци. Јас бев со многу девојки, но никогаш не сметав дека сум еден од оние мажи што им беа привлечни на сите”, додаде тој.

Маркетинг

Тој исто така открил дека неговата врска со мајката на своето дете пропаднала поради неговата сличност со славниот актер. „Навистина мразаше и и сметаше кога ќе ми пријде некој да се сликаме “, објасни тој. Неговата сегашна девојка Адиел, ја запознал на социјалните мрежи, на неа не и пречи. „Натан се смее на тоа, штета што не личи на Анџелина Џоли “, рече таа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button