Имаше големи хитови и беше една од најпосакуваните пејачки во МАКЕДОНИЈА, а денес изгледа уште поубаво!
Црвенокосата девојка која имаше многу хитови реши да замине на брод, а сега откако се врати во родниот Велес изгледа поубаво од кога било.
Ноне Неделковска влезе во четвртата деценија, но нејзиниот младешки дух и енергија зрачат посилно од било кога.
Имено Ноне во септември ќе наполни 35 години, а неодамна за порталот „Црно-бело“ изјави дека за десетина години се гледа со две дечиња, како мајка и среќна сопруга.
И додека беше „светски патник“ таа беше во врска со Рајан, од кого се раздели пред нешто повеќе од една година. По Рајан, таа заплови во врска со Урош од Србија.
Па иако веќе не се занимава со пеењето сепак е интересна за јавноста.
По осум години работа на брод како советник за убавина во фришоп, сега се наоѓа во својот роден Велес и често е активна на социјалните мрежи, а неретко се случува и да се потсети на по некоја егзотична дестинација која ја има посетено во тоа време.
Во интервју за „Црно-бело“ Ноне рече дека три часа возење низ пустината Сахара за неа било незаборавно искуство, додека пак Куба и пливање до делфините во Мексико, приказна за себе.
Како најдобра страна на работењето на брод рече дека бла можноста да се види светот, а како најлоша рече дека е далечината од семејството и пријателите.
Има многу вработени Македонци. Секаде нè има, во сите оддели. Најмногу има во ресторан и бар.
Кога ќе се најдеме сите си помагаме и чуваме меѓусебно, сепак е најубаво кога ќе си се расприкаже со некој што те разбира, рече Ноне за „Црно-бело“.
Ноне се потсети и за сместувањето кога работиш на брод и рече дека кога првпат ја сместиле во кабина таа плачела.
Прв пат кога ќе дојдеш на брод и ќе те сместат во кабина, ако имаш карта за назад дома веднаш ќе си заминеш. Јас бев во шок прв пат кога видов, плачев, а имав „многу добра“ кабина со прозорец, рече Ноне.
Додека таа беше светски патник има посетено 45 земји и вели дека е благодарна за таквото искуство.
Сепак коронавирусот ја натера да се врати и да остане дома, но Ноне вели дека е среќна што е дома.
Каде и да бев ќе бев заробена, така што драго ми е што сум барем дома.
Поради тоа таа има повеќе време да минува со семејството, па неодамна сподели и фотографија од нејзината мајка.
Тие и денес неверојатно личат една на друга, иако Ноне има црвена, а гордата мама Мимоза – руса коса!
Многумина во коментари им порачаа дека се преубави и дека изгледа како да се сестри.