Реклама
Вирално

Имала над 300 кг. и не можела самостојно ниту да оди ниту да дише: Ослабела 136 килограми и ПОГЛЕДНЕТЕ како изгледа денес

Теми Слејтон со години се бори со вишок на килограми, а сега покажа како изгледа откако ослабе 136 килограми.

Реклама

Ејми и Теми Слејтон стекнаа популарност преку реалното шоу на TLC Сестрите од 500 фунти. Пред неколку години сестрите започнаа своја емисија, па досега се прикажани три сезони, а гледаноста беше милионска.

Заедно двете сестри тежат околу половина тон.

ФОТО: Принтскрин

На изненадување на многумина, Тами откри како изгубила многу килограми со помош на центарот за одвикнување од храна.

Телевизиската ѕвезда ги шокираше обожавателите кога објави фотографија на Инстаграм на која се гледа дека ослабела значително, што ги поттикна нејзините обожаватели да ѝ честитаат.

Маркетинг
ФОТО: Принтскрин

Тами имала 317 килограми, а успеала да ослабе неверојатни 136 килограми, што значително влијаело на нејзината здравствена состојба, која со години била нарушена поради прекумерната дебелина, а во еден момент не можела дури ниту да дише сама.

Инаку, Тами со години одбивала да ослабне и се здобила со популарност како дебела личност. Нејзината сестра Ејми била првата што се омажила и имала деца, што ја поттикнало и Тами да побара помош.

Маркетинг
ФОТО: Принтскрин

Да потсетиме, сестрите се родени во Индијана, а во детството се преселиле во Кентаки. Таму го поминале најголемиот дел од своето детство, што за нив не било бајка. Тие потекнуваат од многу сиромашно семејство. Нивната мајка дури работела на три работни места за да им ги обезбеди основните работи за живот.

Денес таа е значително послаба, а процесот на лекување и слабеење продолжува. Тами Слејтон изјавила дека повеќе не и е потребна кислородна поддршка и дека може да оди без помагало, пишува The Sun.

ФОТО: Принтскрин

Поради ова, таа немала доволно време да им посвети на своите деца, што довело до појава на бројни проблеми. Се било под контрола, додека за нив се грижела нивната баба. Меѓутоа, кога таа починала, започнале тешкотиите. Бидејќи нивната мајка многу работела, тие биле оставени сами на себе. Утеха нашле во храната и почнале да стекнуваат многу лоши навики. А килограмите само се трупале.

Во првата сезона, Ејми и Теми се согласиле да се борат со зависности од храна и дека треба да изгубат доволно тежина за да се квалификуваат за баријатриска операција (хирургија за намалување на желудникот).

ФОТО: Принтскрин

Борбата на Тами со килограмите

Во еден момент успеала да ослабе 45 килограми, но потоа решила да се откаже од рехабилитацијата. За да може да се оперира, требала да изгуби уште 18 килограми. Меѓутоа, за само еден месец вратила 23 килограми.

Покрај тоа, нејзиното однесување кон семејството било сосема непримерно. Се однесувала несериозно и арогантно кон сестра си и браќата.

ФОТО: Принтскрин

Јадела огромни количини пица, пиела газирани пијалоци и знаела да внесува од 10.000 до 15.000 калории дневно. Тоа многу го налутило семејството, ѝ одредиле дека мора да оди на рехабилитација или ќе го прекинат секој контакт со неа. Токму тогаш се случила катастрофална работа.

По само еден ден на рехабилитација, телото не можело да издржи и таа престанала самостојно да дише!

Докторите потоа ја ставиле во индуцирана кома за да спречат оштетување на мозокот. Со напорите на докторот Тами успеала да закрепне, а во тој момент сфатила дека тоа е последното предупредување за неа.

Моментално е на рехабилитација, максимално посветена на слабеењето, а резултатот е видлив.

ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button