Реклама
Вирално

Изјавите на познатиот адвокат во врска со убиството на МАЛАТА ВАЊА се шок за сите, но нема одговори…

И покрај тоа што извештајот од Судска медицина веќе одамна е готов, некои детали во врска со грозоморното убиство се уште се мистерија за пошироката јавност

Реклама

Убиството на малата Вања Ѓорѓевска (14) чие тело беше пронајдено на 3 декември во близина на Скопје го потресе целиот регион. Наодите од обдукцијата пристигнаа во обвинителството, но за пошироката јавност се уште е непознато што се наоѓа во извештајот.

Обвинителството не соопштува повеќе детали и резултатите од истрагата нема да бидат јавно објавени, а како што истакна министерот Оливер Спасовски, случајот целосно е расчистен и комплетиран од аспект на Министерството за внатрешни работи.

Но доколку се процени од страна на Обвинителството дека истрагата треба да се прошири, „МВР е тука да постапува“, изјави тој.

Маркетинг

Фото: Фејсбук

Мотивот се уште мистерија?

Од друга страна, според познатиот адвокат Тома Фила, обвинителството мора најпрво да го утврди мотивот, за да го докаже злочинот. Но како што тој забележува како е можно да биде во прашање киднапирање или изнуда, кога Вања е убиена речиси веднаш по грабнувањето и никогаш не биле побарани пари за откуп од нејзината мајка? Од овие причини тој се сомнева дека Вања можеби навистина се задушила, па лицата што ја грабнале биле принудени да ја убијат. Но како што објави порталот „Скопје1“, од нивни извори од Судска медицина, а според извештајот од обдукцијата, Вања била убиена со огнено оружје, што се коси со шпекулациите дека таа најпрво била задушена.

Маркетинг

Фото: Гугл мап

Но откако овие информации беа објавени, Институтот за судска медицина се огради од овие написи во медиумите со категорична изјава во која се вели дека тие не дале никаква информација во врска со резултатот од обдукцијата.

Како што објави „Слободен печат“, Институтот за судска медицина се оградува од сите написи во кои ќе бидат објавени неофицијални информации се додека трае истрагата. Извештаите од обдукциите за починатите беа доставени до Основното јавно обвинителство на ден 22 декември 2023 година, а како што се вели во реакцијата на Институтот за судска медицина, веќе од следниот ден почнаа да се појавуваат информации кои се дел од истрагата и кои треба да бидат тајни се додека трае истрагата за овој грозоморен настан.

Фото: Фејсбук

Јавноста бара одговори

Од овие причини резултатот од обдукцијата останува тајна за јавноста, а како што заклучува адвокатот Фила Обвинителството ќе има сериозна задача да го открие и дефинира вистинскиот мотив.

Но познатиот адвокатот во интервјуто за порталот „Република.мк“ истакнува дека народот мора да има информации во врска со истрагата. Тоа е одговорност на Обвинителството и тие тоа мора да го прават на два-три дена, а на тој начин би се спречиле и шпекулациите што кружат во јавност.

„Мора точно да се утврди што е, и овој што е уапсен во Турција, да се види дали тој организирал некоја група, дали постојат некои списоци, за ликвидации или за киднапирање, сето тоа мора да се дава известување од обвинителство на два-три дена, тоа е нивна одговорност. Народот да биде во тек, но прво мора да се утврди мотивот“, забележува Фила и додава дека ако девојчето е убиено само неколку часа по грабнувањето, тогаш тешко дека станува збор за користољубие. И како што вели тој, треба убаво да се види дали навистина постојат списоци, бидејќи доколку постојат, тогаш ова не е обично убиство.

Фото: МВР

„Ние не знаеме ништо. Ни од судска медицина, дали е убиена со пиштол или се задушила. Ова јас не го знам во Белград, можеби во Македонија го знаете. Но во секој случај мора секој чекор десет пати да се пресмета, па да се донесат заклучоци. Знаете ова не е обично убиство“, вели Фила и додава дека ова се однесува како за девојката, така и за лицето Панче Ж. од Велес кој беше убиен неколку дена порано.

Улогата на таткото се уште нејасна?

Тој исто така го потенцира и тоа што таткото на Вања е осомничен, но и дека не морал тој да му каже на организаторот и останатите кога и каде оди неговото дете, бидејќи тоа секогаш во исто време одело на училиште, и тоа секогаш по истиот пат. Како што вели познатиот адвокат, голема среќа е што сестрата на Вања во тој момент не тргнала со неа, бидејќи и таа би можела да биде жртва.

„Фала Богу што не беше и сестра и со неа. И двете ќе ги убиеја“, вели адвокатот во интервјуто за споменатиот портал.

Осомничените очигледно биле решени тој ден да ја грабнат својата жртва. Кој и да беше во нејзино друштво можеше да биде колетерална штета, заклучува адвокатот.

Што се однесува до екстрадицијата на Љупчо Палевски – Палчо, кој во моментов е во екстрадициски притвор во Турција, Фила вели дека според неговото искуство, осомничениот ќе биде изречен веднаш, само треба да помине процедурата. Тој е осомничен и за двете убиства како планер, организатор и извршител, а останатите осомничени моментално се наоѓаат во притворот во Шутка.

Во Шутка како еден од уапсените е и таткото на Вања, кој е осомничен дека му давал информации на Палчо за движењето на неговата ќерка. Toj, според досегашните информации, го негира делото…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button