Изгледа страсно, и убава е – но кога го облече ова сите се разочараа
Познатата холивудска актерка Дакота Џонсон на премиерата на филмот Suspiria се појави во впечатлив црвен фустан.
Симпатичната ќерка на Мелани Грифит и Џон Џонсон која се прослави со улогата во филмот Педесет нијанси на сиво, овој пат реши да си поигра со моден фазон од диско ерата, но според модните критичари нејзиното издание е далеку од совршено. Имено, Дакота во краткиот фустан изгледа максимално провокативно, и жешко, но кога ќе ја погледнете целата слика, од елегантните сандали и голете нозе, па се до невообичаената фризура за ова издание, а која е потполно типична за неа, ќе дојдете до заклучокот дека запловила во води во кои и не се снаоѓа баш најдобро. За разлика од нејзината мајка Мелани Грифит, која исто така избираше несекојдневни комбинации, но секогаш одлично знаеше кои одговараат на нејзиниот карактер.
Крајно време е да побара стилист, нели?