Изгледаат како потполно обични панталони, се додека не погледнете горе – е таму ве чека вистинското изненадување
Моделот Ана Брага е позната по своето скандалозно однесување
Таа поради своите провокативни изданија често е критикувана како од медиумите така и од јавноста, но очигледно не се откажува од своите шок комбинации.
Таа и овој пат му остана верна на својот провокативен стил кога за прошетка низ еден град во Калифорнија реши да се појави вака. Имено, таа носеше бела памучна маица со натписот „got milf“ и црн кожен шорц кој повеќе потсетува на долен дел од костим за капење, отколку на шорц.
Кројот на моделот е со врвки и многу малку материјал така што гаќичките многу повеќе откриваат отколку што покриваат, а Ана целото издание го зачини со црни чизмички со реси и бели ретро очила со розово цветови на нив.
Но ова не е најпровокативното издание на Ана
Таа и кога сред бел ден се шеташе низ Лос Анџелес ги запрепасти сите. Имено, жолтите панталони се само почеток.
Иако поради силниот колорит прво ќе ги забележите, штом погледот ќе ви тргне нагоре ќе го доживеете вистинскиот шок.
Познатиот модел ги носи со проѕирна црна блуза БЕЗ градник, па во преден план се нејзините бујни гради кои за жал моравме да ги покриеме со црвена лента, инаку нејзиното деколте ќе беше опасно по живот.