Избраничката на Кристијано Роналдо и без шминка изгледа неодоливо – фотографии што многумина оставија без здив!

Убавата дама на Инстаграм објави фотографија со својот партнер Кристијано Роналдо и нивните деца.

Фановите се воодушевени од последната објава на социјалните мрежи на Георгина Родригез.
Партнерката на познатиот фудбалер изгледа сензационално, а нејзиниот Инстаграм профил е доказ за тоа.
Оваа 26 годишна убавица заедно со својот познат сопруг и нивните деца ужива на плажите во одморот, а на својот налог на социјалните мрежи редовно споделува фотографии од кои на многумина може да им застане здивот.

Таа овој пат објави семејна фотографија на плажа на која парот позираше со децата, но повторно вниманието го украде токму Георгина со својата појава.

Таа носеше тегет костим за капење со кој го истакна исончаното тело, а многумина им порачаа дека се еден од најубавите и најзгодните парови во целиот свет.

Таа неодамна објави фотографии од кои можевме да видиме и како ужива во деновите кои со својот избраник и нивните деца ги минува на јахта.

Иако заедно имаат само ќерка, убавата Георгина со љубов ги чува и постарите деца на својот сопруг. Семејниот одмор започна како романтично летување за двајца, а потоа се приклучија и нивните наследници.

Роналдо и неговата сакана во моментов летуваат на крајбрежјето на Монако, и додека фудбалерот посветено тренира, како би го одржал своето тело во форма, Георгина максимално се опушта и ужива во одморот.

Манекенката се опушта и деновите ги поминува без тренинг, без да е загрижена за изгледот.

Иако многумина судејќи според нејзините фотографии на Инстаграм мислат дека секогаш е дотерана, Георгина ова лето објави и многу „но мејк-ап“, како и необработени фотографии. Од ваквите природни изданија на шармантната манекенка може да се забележи дека има целулит, па и неколку килограми вишок. Сепак, за секоја пофалба е фактот дека оваа жена не се грижи премногу за перфекционизмот, туку ужива во својот изглед и не крие ништо од јавноста.
Природна и потполно задоволна од самата себеси, девојката на најпознатиот фудбалер на светот смета дека малите мани не се недостаток.
Таа е задоволна со својот изглед и ужива во својата раскошна убавина, со која го освои и срцето на најпосакуваниот ерген Кристијано Роналдо.











