Игор Џамбазов ужива во животот како никогаш досега, како да е во НАЈУБАВИТЕ тинејџерски години, и тоа само заради неа
Џамбазов е одличен доказ дека љубовта повекогаш може да делува како отров, но и како еликсир на младоста
Како и секогаш така и сега Игор Џамбазов со уникатна објава сам себе си, си честиташе роденден.
Тој на Инстаграм објави фотографија на која е испишан бројот 58 и напиша интересна порака:
„На денешен ден пред 40 години станав полнолетен …“.
Нема сомнеж дека Игор со овој статус во негов стил ги насмеа неговите фанови и пријатели кои го следат на социјалните мрежи, па многумина од нив му честитаа.
Неговата колешка од „Преспав“ Јелена, Тамара, Маријана и уште многу други јавни лица му посакаа да си слаи уште многу години, а тука беше и неговата сакана Илина.
„Среќен роденден љубов моја“ напиша таа и стави срце.
Инаку откако обелоденија дека се во врска, Илина и Игор се неразделни.
Постојано споделуваат заеднички фотографии и видеа од места кои заедно ги посетуваат.
Двајцата се чести гости во Дојран каде уживаат во нивната љубов.
Инаку Игор беше во брак со Искра Канзурова, сепак по многу години брак тие двајцата решија да се разведат, а причината за тоа си ја знаат само тие двајцата.
Во една прилика Искра изјави дека Џамбазов бил дел од нејзиниот живот и секогаш ќе остане.
„Нашиот развод не беше некултурен и нецивилизиран, едноставно беше нешто што на двајцата ни стана јасно дека ќе се случи. После нашиот развод ако за нешто сум му благодарна е тоа што немам слушнато лоши зборови од него за мене, но ни тој од мене за него.
Сигурна сум дека него му ја полнеле главата со мене, на мене ми ја полнеа главата со лоши работи за него. Но ние си останавме коректни еден кон друг. И никогаш во јавност не сме изнеле нешто за другиот што тој не би сакал да се знае. Игор се си кажува сам во своите книги“ – вели Искра.
По разводот Игор во една прилика изјави: „Ги сакам жените, ама не можам да ги трпам повеќе од два часа“, но се чини дека тоа правило повеќе не важи откако ја запозна убавата алпинистка Илина Арсова.