Реклама
Хороскоп

Зошто е толку тешко да се сака една Скорпија?

Реклама

Кога велиме дека е тешко да се сака една Скорпија, мислиме на тоа колку страст и љубов имаат тие за своите партнери. Често посесивни и опседнати со оние кои ги сакаат, нивната љубов кога е вистинска е од невидени размери.

Тие се страсни, со многу интензивни чувства, на моменти повлечени во себе, анализирајќи ги задоволството и тагата кои животот ги носи.

Маркетинг

Скорпијата е фиксен знак, кој стои цврсто на земја и има огромно разбирање за другите луѓе. Умее да ги држи ситуациите под контрола и да ги коригира работите, со цел да воспостави ред и мир.

Таа е страстен љубовник и лојален другар, кој ќе ве заштитува и брани во секој миг. Спаѓа во категоријата водни знаци, што ја прави емотивна личност и ѝ помага да се прилагоди во својата околина.

Маркетинг

Скорпиите се шефовски настроени личности кои знаат дека се во право, но и да не е така, се однесуваат како да се. Опседнати се со контролирање дури и на најмалите работи на кои другите не би ни помислиле. Тоа што треба да го знаете е дека всушност негативните карактеристики кои им се припишуваат на Скорпиите често произлегуваат од тоа колку страст имаат во себе. Но, најголемиот подарок доаѓа во креветот, каде се вистински мајстори.

Скорпиите се најголемите борци кога станува збор за оние кои ги сакаат. Ако една Шкорпија ве сака, тогаш таа ќе биде вашиот најголем заштитник. Иако никогаш нема да признаат, тие се многу емотивни личности. Сепак, често сакаат да ја носат маската на луѓе кои не чувствуваат многу и кои се силни и моќни. Скорпиите се еднакво емотитивни како и Раковите и Рибите, но тие се обидуваат да го скријат тоа.

Велат дека очите се прозорци на душата, а кога ќе погледнете во очите на некоја Скорпија ќе почнете да верувате во таа мисла. Нејзиниот длабок, мистериозен, провоцирачки поглед делува хипнотизирачки врз другите луѓе. Скорпијата располага со моќна интуиција, благодарение на која често умее да ги „види“ работите кои другите луѓе не ги забележуваат. Таа има дарба буквално да ја почувствува атмосферата и на некој магичен начин да предвиди што ќе се случи следно.

Потребно им е многу време да се отворат, ако воопшто и го направат тоа. Ќе морате да им докажете дека сте вредни за да ја имате нивната доверба. Никогаш не зборувајте за другите пред една Скорпија бидејќи никогаш нема да ви веруваат ако го направите тоа.

Скорпиите се најдобриот партнер во сексот. Никогаш нема да ви биде досадно со една

Скорпија, ниту пак да мислите дека сте заглавени во рутина.

Тие се најдобри во изборот на партнерот и многу ретко прават грешки кога станува збор за изборот на личноста на која ќе и го дадат своето срце. Воопшто не се наивни и секогаш ги одмеруваат луѓето, дури и кога не се заинтересирани за нив, а камоли кога им се допаѓате.

За да ве сакаат вистински, ќе морате да им покажете дека ги почитувате. Без тоа, никогаш немојте да се надевате на љубов.

Штом ве изберат и засакаат, никогаш нема да се откажат од вас.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button