Реклама
Вирално

Златан Ибрахимовиќ има ЗЛАТНО СРЦЕ: На мајка му ѝ купил црква а 9 милиони евра, на татко му стан, а еве што им подарил на брат му и сестра му

Фудбалска легенда со големо срце, ги почести сите членови на семејството, се присети на тешките денови во детството кога повеќе бил гладен отколку сит.

Реклама

Златан Ибрахимовиќ често важеше за лошо момче во фудбалот, но кога е во прашање неговиот приватен живот, тој е се освен лош. Во својата автобиографска книга „Адреналин“, тој опиша како на мајка си и купил стан во Паг, но таа не била единствената што решил да ја почести.

За животот на Јурка за медиумите проговори нејзиниот брат Гојко Гравиќ кој живее во Пркос. Тој откри дека Јурка на 17 години отишла во Германија да работи и таму го запознала својот прв сопруг.

ФОТО: Принтскрин

Таа на свет донела две ќерки Моника и Виолета. Кога бракот им се распаднал, таа се омажила за пејачот на кафеана Шефик Ибрахимовиќ од Бјелина. Со него добила две деца, Златан, кој стана фудбалска ѕвезда и ќерката Санела. Кога се распаднал бракот на Јурка и Шефик, следувале тешки моменти, а самиот Златан зборуваше за тие тешки денови во детството кога бил повеќе гладен отколку сит.

По разводот, Златан првично живеел со мајка си, која напорно работела како куќна помошничка, а потоа и со својот татко, кој се лекувал од алкохолизам. Мајката на Златан подоцна го родила своето петто дете вонбрачно, Александар Ѓорѓевиќ. Исто така, тој имал полубрат Шапко, кој му бил даден на неговиот татко Шефик. Шапко за жал починал во 2014 година на 41-годишна возраст, што тешко го погодило Златан.

Маркетинг
ФОТО: Принтскрин

Златан успеал да префрли дел од милионите на компанијата која им ја доверил на мајка си и полубратот Александар. Потоа и купил на мајка си луксузен стан во Новаља за да може да биде блиску до нејзините сестри. Тој ѝ купил и црква во Шведска за 9,24 милиони евра, но веднаш ја срушил за да изгради луксузни станови. Поранешната собарка која напорно работеше по 14 часа на ден додека ги воспитуваше своите деца, денес може да биде горда и задоволна.

„На мајка ми и купив стан во Хрватска, во близина на Паг, за да може да биде поблиску до нејзините сестри. Сакаме да ги испратиме кај неа Макси и Винсент, сами, без мама и тато. Тие треба да научат независност. Сакаме да поминат малку време во Хрватска со нивната баба, која може многу да ги научи“, напиша Ибрахимовиќ.

Маркетинг
ФОТО: Принтскрин

На својот татко Шефик му купил дом во ексклузивен дел на Малме. Од друга страна, мајката на Златан Јурка живее во улицата Хенрик Менандер во Малме, иако не е луксузен дел од градот, живее опкружена со драги соседи и луѓе од земјите на поранешна Југославија.

Санела Ибрахимовиќ, сестрата на Златан, живее во улицата Слотсгатан, која се наоѓа во непосредна близина на Музејот на модерна уметност во тој град. На нејзино име е и станот во Новаља.

Во непосредна близина на Санела живее и полусестрата на Златан, Моника Аниќ. Најмладиот полубрат на Златан, Александар Ѓорѓевиќ, живее со сопругата Линда Софија Ѓорѓевиќ во улицата Маберсгатан. На таа адреса е една од фирмите преку кои Златан управува со својот недвижен имот со кој формално управуваат неговата мајка Јурка и братот Александар. Другите две компании во кои е активен полубратот на Златан се оние во кои водечка улога има и мајката на Јурка.

ФОТО: Принтскрин

Империјал пишува дека приказната на фудбалерот е и водич за тоа како милијардери од рангот на Златан управуваат со својата империја на луксузни недвижности преку компании регистрирани на членовите на семејството, како и преку адвокати специјализирани за пренос на недвижности во „даночни раеви“.
Шведска е уредна и транспарентна скандинавска земја, така што кај нив нема мистификација каде живее некој, колку вреди недвижноста во која живее, а преку нивните регистри може да се добијат низа податоци. Благодарение на овој систем на матични книги се знае каде сега живеат членовите на потесното семејство на Златан Ибрахимовиќ.

ФОТО: Принтскрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button