Згодниот Дарко Спејко стана директор!

Кумановецот Дарко Пековски познат како Сепјко пред македонската јавност се прослави пред пет години со учеството на реалното шоу „Големиот брат“.

Тој во регионалното шоу го освои првото место, и по победата во „Големиот брат“ животот на Дарко многу му се смени.
Дарко се испроба и како манекен, и како рапер, но најмногу остана запаметен по љубовната романса со познатата инфлуенсерка Љупка Митрова.

По разделбата со Љупка, Дарко по неколкумесечен молк се огласи пред јавноста и проговори за крајот на нивната врска.
За Љупка имам само најдобри зборови и секогаш така ќе остане. Ништо, прекинавме. Не ја потврдувавме веста, ниту демантиравме ама подолго време како не сме заедно, вели Спејко, а освен тоа ја откри и причината поради која повеќе не се заедно.

– Меѓу нас никогаш не постоела љубомора, се подржуваме, малку ни се одвоија патиштата, ништо сериозно.
Ќе останеме во доби односи, и мислам дека секој пар што се подржува меѓу себе за време на врската, се подржуваат и после тоа. Јас секогаш за било која моја бивша девојка сум среќен кога ќе видам дека и таа е среќна, затоа што знам дека истото ми го посакуваат и мене, изјави некогашниот победник во „Големиот брат“.

Дарко денес стана спортски директор на КК Куманово, па за тие потреби Спејко облече костум и позираше пред почетокот на сезоната за клупската фотосесија.
Погледнете како изгледа во одело…







