Реклама
Наши ѕвезди

За овој фраер од Македонија се шушкаше дека е во врска со колешка од Гранд, а Цеца била виновна за тоа?!

Пејачката била прва што ги споила како пар...

Реклама

Шармантниот пејач од Македонија што претходната сезона се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, Дарко Ѓорѓевски, заедно со неговата колешка Миа Смиљаниќ, со која исто така учествуваше во шоуто, открија детали од нивната дружба со Светлана Цеца Ражнатовиќ кој им беше менторка во шоуто, но и „кума“.

Имено, тие и двајцата беа дел од минатата сезона во „Ѕвездите на Гранд“, а се запознале на пробите кај Цеца.

Миа и Дарко денес настапуваат заедно и зад себе веќе имаат три песни што бележат милионски прегледи. Една од нив е песната „Да ли, да ли“ која е вистински хит на сите платформи, а Миа неодамна откри дека токму Цеца ги споила како пар.

Маркетинг

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Цеца беше првата што не спојуваше како пар, Таа е прекрасна, професионалец и жена која е буквално змеј,“ изјави Миа.

Маркетинг

Инстаграм/ Дарко Ѓорѓевски

Инаку, Миа и Дарко настапуваат заедно веќе подолго време, а станаа неразделни уште додека се натпреваруваа во „Ѕвездите на Гранд“.

@omg.darko

Zajdi, zajdi .. 🇲🇰 #fyp #darkogjorgjeski #miasmiljanic #miaidarko @Mia i Maša

♬ original sound – Darko Gjorgjeski

Тие често објавуваат и видеа на ТикТок, а едно од нив на кое што ја пеат песната „Зајди, зајди“ има милионски прегледи.

Инстаграм/ Дарко Ѓорѓевски

Многумина шпекулираат дека нивното пријателство пораснало во љубов, а тие на оваа тема досега не се огласувале.

Што се однесува до Ѓорѓиевски, тој уште кога прв пат се појави на сцената во „Ѕвездите на Гранд“ им стана миленик на многу девојки, посебно откако Цеца откри дека тој всушност е автор на музиката и аранжманот на една од најпознатите песни, „Бог и батина“.

Станува збор за песна која е голем хит меѓу помладата популација и која веќе со години се слуша низ клубовите во регионот.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button