Наши ѕвезди

За оваа наша фолкерка велат дека плива во пари – носи само скапа и БРЕНДИРАНА облека и изгледа поубаво од кога било досега

Advertisement

Важеше за една од најубавите фолк- пејачки, а денеска е среќно мажена и посветена мајка на две деца.

Advertisement

Сигурно се сеќавате на фолкерката Јасмина Мукаетова која пред десет години се откажа од својата музичка кариера од љубов и се пресели во Америка.

Нема кој не ја памети по ангелскиот глас и русата и впечатлива виткана коса.

Таа се омажи за својот сакан Трајче, по потекло кавадарчанец од Њу Џерси во 2008 година.

Advertisement

Круна на нивната љубов се нивните два сина, Диме и Зуко.

ФОТО: Јасмина Мукаетова/Фејсбук

Додека настапуваше и професионално се занимаваше со музика, Јасмина Мукаетова беше една од најпопуларните и најангажираните пејачки на македонската сцена.

Сега ако го погледнете нејзиниот профил на Инстаграм, ќе видите дека Мукаетова е на скоро секоја фотографија е во брендирана гардероба, носи очила вредни стотици евра, вози во автомобили што чинат илјадници евра и што уште не.

ФОТО: Јасмина Мукаетова/Фејсбук

Нејзините семејни одмори со сопругот и децата се на луксузни дестинации како што се Бахамите, Куба, Мексико и слични егзотични земји

Сега е посветена мајка, а во едно интервју рече дека и двајцата нејзини синови се многу музикални свират на пијано и труба, но сепак повеќе ги интересира спортот и тренираат фудбал.

ФОТО: Јасмина Мукаетова/Фејсбук

Јасмина Мукаетова и нејзиниот сопруг Трајче Ристевски пред 3 години прославија една деценија брак со класична свадба наместо забава.

Сепак според нејзините објави евидентно е дека Јасмина воопшто не се променила.

И покрај раѓањето на две деца, изгледа извонредно, а нејзината линија е совршена.

ФОТО: Јасмина Мукаетова/Фејсбук
ФОТО: Јасмина Мукаетова/Фејсбук

Јасмина направи обид и пред неколку години да се врати во музичките води со обработка на песните „Дејгиди луди млади години“ и „Море сокол пие“ за кои сними и видеозапис, но сепак одлучи да се посвети на нивниот семеен бизнис.

ФОТО: Јасмина Мукаетова/Фејсбук

„Како резултат на моето долгогодишно работење во областа на транспортот, кога дојдов тука во Америка, почувствував потреба да го усовршам моето познавање од областа на бизнисот. Паралелно со сите други обврски се вратив на книгата и ја започнав програмата на МБА-мастер за бизнис администрација – „концентрација програма за човечки ресурси“, така се вика. Овој нов предизвик ме врати назад во клупите на времето кога студирав во Скопје. Прекрасно искуство и тогаш и сега“, кажа Мукаетова во интервју за Вечер.пресс.

ФОТО: Јасмина Мукаетова/Фејсбук

Сепак овој брачен пар освен тоа што се многу работливи и вредни, тие се и хумани.

Во Кавадарци, родниот град на парот во тек е изградба на нов зелен парк, а дел од средствата за неговата изградба се донација од сопругот на Јасмина.

Оваа вест а „Фокус“ ја потврди и градоначалникот на градот, Митко Јанчев.

Вели дека Ристов донирал 2.500.000 денари, а пак „Кожувчанка“ учествува со 1.100.000 денари.

– Новиот парк се гради во склоп на споменикот Киро Крстев и ќе претставува модерна зелена површина со повеќе содржини. Нашиот сограѓанин Трајче Ристов, кој долги години со семејството живее во Америка, даде свој придонес, со цел за убаво Кавадарци – појасни Јанчев.

ФОТО: Јасмина Мукаетова/Фејсбук
jasmina8

Македонската публика ја нема видено одамна, но според фотографиите кои ги објавува русокосата кавадарчанка гордо им пркоси на времето и годините!

ФОТО: Јасмина Мукаетова/Фејсбук

ФОТО: Јасмина Мукаетова/Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button