За нив зборува цела Турција – кучката Рита спаси три животи под РУШЕВИНИТЕ, а Алекса го пронајде малиот Чинар
Кучиња херои…
Кучката Рита која што е дел од тимот на противпожарната служба на општина Трабзон допринесе да се спасат три лица и една мачка од под рушевините што ги предизвикаа двата разорни земјотреси во Турција.
Рита учествуваше во напорите и спасувањето на жртвите со пожарникарите кои дојдоа од Транзон.
Тие дојдоа во Адијаман кој беше разрушен од земјотресот во центарот на Кахраманмараш.
Нејзиниот дресер, пожарникарот Исмаил Ерсои објасни дека двегодишната кучка ја обучувале со методата со наградување и дека нејзиното сетило за мирис реагира само кога ќе почувствува живо лице под рушевините.
„Досега се немаме сретнато со ваква катастрофа“, вели Исмаил за АА.
12 годишно момче спасено од куче
12 годишниот Чинар остана без својата мајка, татко и постариот брат кои ги изгубија животите во разорниот земјотрес.
Тие останаа под рушевините во нивната семејна куќа во Кахраманмараш, додека момчето беше спасено од кучето Алекс.
Кучето кога го слушнало неговиот глас, веднаш дошло кај него и го спасило. Сега момчето не се одвојува од него ни за секунда, и за него вели дека се однесува како вистински човек.
Сега Алекс му е најдобар пријател на Чинар, но истовремено и спомен на неговиот татко.
„Кога бев бебе, татко ми ја донесе и сите во семејството бевме среќни. Направивме место, и дадовме јадење, таа се навикна, па сега ми е сродна душа“, вели момчето.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, ТРТ Хабер
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, ТРТ Хабер