За него велат дека е многу грд, но тој пред олтар одведе две најубави жени: Актерот на 53 години изгледа одлично
Винсен Касел (53) среќата ја најде покрај бразилската манекенка Тина Кунаки (22) со која има ќерка Амазон.
Овие денови актерот со семејството е фотографиран на плажите на Рио де Женеиро. Иако прекрасната манекенка мами воздишки каде и да се појави, овој пат голем интерес предизвика францускиот шармер кој изгледа повеќе од добро.
Имено, актерот се пофали со плочки на стомакот, но злобниците ќе речат дека мора да биде во добра форма со оглед на тоа што неговата втора сопруга има само 22 години.
Винсент во Тина пронајде утеха по брачниот бродолом со една од најубавите жени во светот, италијанската актерка Моника Белучи со која во текот на бракот доби две ќерки Дева и Леони.
Двојката се запозна на сетот нафилмот „Апартман“ далечната 1996 година, а се венчаа три години подоцна. Сепак, во август 2013 година го потврдија разводот, но за причините никогаш не проговорија.
Моника често во интервјуата истакнуваше дека во нивниот однос имало бурни несогласувања, како и во секој друг. Исто така, двојката во последните заеднички години живееше на две адреси, во во тоа не гледаа никаков проблем.
„Никогаш не знаеш колку бракот ќе трае. Денеска функционира, но за година дена… Не знам“, „Би било урнебесно да се очекува дека Винсент ќе ми биде верен ако сме одвоени неколку месеци“, „Тој е многу секси, но тој не е нормален маж. Понекогаш го обожувам, а понекогаш сакам да го убијам“, беа само некои од изјавите на преубавата актерка во текот на нивните заеднички години.
Винсент ја почна врската со Тина во 2016 година, венчавката се одржа две години подоцна, а во април 2019 година е родена нивната ќерка.