Реклама
Вирално

Засекогаш ќе ја памети последната слика на својот татко – ќе се ИЗНЕНАДИТЕ како денес изгледа ќерката на Борис Трајковски

Реклама

Беше претседател за почит кој ќе се памети, а неговата сопруга вистински пример за дама.

Фото: Принтскрин

Траг-едијата која пред 17 години ја зави Македонија во црно, а светот во неверување дека него веќе го нема.

Борис Трајковски во 2004 година за-гина во страшна хеликоптерска не-среќа во близина на Мостар во БиХ, а зад себе ги остави сопругата Вилма и децата Сара и Стефан.

Маркетинг

По овој трагичен настан неговото семејство се повлече од јавноста и ретко кога можеше да бидат видени во медиумите.

Фото: Принтскрин

Вилма е основач на меѓународната фондација „Борис Трајковски“, како и основач на ВИТРА, непрофитна и невладина фондација формирана во 2001-та година со цел да ја афирмира жената и нејзината улога за сестран развој на општеството.

Маркетинг
Фото: Принтскрин

Сара и Стефан, беа малолетни деца кога го изгубија својот татко. Ретко кој знае дека Сара живее во Њујорк, каде во 2012 година таму се запиша на тамошниот Универзитет.

Борис не криеше дека Сара му беше слабост, но освен тоа многу наликува на него.

Фото: Фејсбук / Сара Трајковска

Таа често знае да се потсети на нејзиниот татко и да објави по некоја заедничка фотографија со него.

Во 2005 година Вилма го даде првото интервју по смртта на нејзиниот сопруг за „Нова Македонија“ и откри детали за ноќта пред да тргне на кобното патување.

-Ноќта во средата, ноќта пред утрото предвидено за полетување за Мостар, остана на работа до 22.30 часот. Кога си дојде дома, децата веќе спиеја. Тој речиси до полноќ разговараше по телефон.

Не знам колку беше часот кога Сара се разбуди и се симна долу. Таа вели дека засекогаш ќе ја помни последната слика на татко си: тој во бела кошула и вратоврска седи крај масичката со телефонот и разговара.

Го гушна татко си, го погледна и му рече: „Тато, ти многу се промени; ми изгледаш остарено“. Борис ме погледна мене, како да сакаше да каже: „Зарем навистина сум остарен?“.

Имаше само 48 години. Сара многу тагувала и не можела да сфати зошто му го кажала токму тоа и токму во последната ноќ од неговиот живот.

А еве како изгледа Сара денес:

Фото: Фејсбук / Сара Трајковска
Фото: Фејсбук / Сара Трајковска
Фото: Фејсбук / Сара Трајковска
Фото: Фејсбук / Сара Трајковска
Фото: Фејсбук / Сара Трајковска
Фото: Фејсбук / Сара Трајковска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button