Замина во легендите нашиот најдобар актер: Нека му е вечна слава, ќе го памтиме по маестралните улоги

Актерот Мето Јовановски почина, оваа тажна вест ја објави актерот Драган Спасов Дац на својот профил на Фејсбук.
„Мето Јовановски се пресели во легендите. Нека му е вечна слава“, објави Дац.
Македонскиот актер Мето Јовановски е роден во 1946 во с. Панчарево, Пехчевско.
Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје.
Неговата глумечка кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Мето Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија.
Мето е актер со бројни награди и признанија. На меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка доби признание за животно дело.
Театарскиот критичар Гоце Ристовски тогаш кажа една големина вистина за овој наш актер – Јовански, рече тој, е актер со маркантно присуство и на телевизија и во театарот, носител на повеќе од 30 меѓународни награди и признанија.
– Мето Јовановски е грамаден актер кој оставил голем, траен, печат на театраот, но и филмот, во Македонија, на Балканот и пошироко. Восхитен од неговата огромна љубов кон театарот јас секогаш стојам простум пред него и учам од неговата културна етика. Горд сум што сум сведок на овој голем чин од историјата на мојот град Крива Паланка и посакувам ореолот на светецот Јоаким Осоговски чие име го носи фестивалот да го следи и овенча со светлина и успеси големиот Јовановски и во иднина, истакна Ристовски по повод наградата пре неколку години.
„Достоевски вели дека убавината ќе го спаси светот, а јас велам, убавината во нашите души е дар Божји кој треба да се негува за да ги затоплува нашите закоравени срца. Преку театарот и традицијата на неговото постоење ова се постигнува сосема лесно“, рече во една прилика Јовановски.