Зад Славица Арсова стои една успешна жена која е нејзина најголема поддршка- запознајте ја мајката на најуспешната новинарка во Македонија

Успешна, убава и секогаш совршено професионална во сè што прави.
За ваква новинарка и нема многуу потреба да се најавува бидејќи Славица Арсова на сите ни е добро позната.
Малку се зборовите со кои може да се опише Славица Арсова една од најуспешните новинарки во Македонија, а многумина не знаат дека нејзина мајка е Розета Арсова која е една од нашите најпознати Тв новинарки, долги години заштитно лице на Македонската радио-телевизија, од времето кога беше ТВ Скопје, па се до ден денес.
Како што велат старите круша под круша паѓа, па перфекцијата која ја имаше Розета ја наследи и Цаци.

За оние кои не знаат, Розета има две прекраски и преубави ќерки, Славица и Бисера, а од приложеното се гледа дека сите три дами се која од која поубави.
Имено Славица или Цаци (како што на сите ни е позната) неодамна гордо сподели фотографија од „Котелец“, тиражното некогашно списание на весникот „Вечер“, на кое на насловната страна е токму нејзината мајка на млади години и напиша „мајка“.

Препознатливото лице, но и фризура на Розета со годините останаа непроменети, а нејзината дикција, став и глас станаа пример од кои учеа и се одгледуваа многу презентери, водители и новинари, а минатата година со гордост најави дека почнува емитувањето на детски канал.


Овој професионализам се пренесе и на Цаци која се чини дека убавината, но и држењето пред камера го наследила од мама Розета.

Гледајќи ги објавите на социјалните мрежи нема да биде тешко да сфатите дека овие две дами имаат црврста врска мајка-ќерка, а токму Розета е најголема поддршка на Цаци и секогаш ги споделува ангажманите и интервјуата кои Цаци ги има на Сител.

Цаци веќе години наназад го води дневникот на Сител, а пред некоја година стана и главен уредник на информативната програма.
Дневникот беше и дел од најголемата промена во животот на Цаци кога нејзиниот сега сопруг, Александар Спасовски-Сарма реши да ја побара за жена во живо.
За време на јавување од линк Александар извади прстен и праша дали сака да се омажи за него, по што Цаци се согласи.
Ова ги направи еден од најпрепознатливите парови во Македонија, а нивниот брак го круниса нивната ќеркичката Мила.

Во едно интервју за „Слободен печат“ на прашање на што би ги потрошила последните пари таа одговори:
– Последните пари би ги потрошила на нова чантичка со детска апликација, за ќерка ми, рече Цаци.

Сите кои ги познаваат знаат дека се работи за прекрасно и позитивно семејство, полно со разбирање и љубов.

