Реклама
Вирално

Забар бесплатно им ги поправа забите на сиромашните (видео)

Реклама

Во ова општество кога јазот меѓу богатите и сиромашните е се поголем, ваквите ликови навистина заслужуваат внимание.

Живееме во свет на старлети и силикони, кога новите технологии и социјалните мрежи наместо да ни помагаат да бидеме подобри луѓе, не прават депресивни, деструктивни и потполно дезориентирани.

Маркетинг

Но меѓу нас има и такви кои знаат да ни ја вратат насмевката на лицето, а овој човек со своето делување е еден од нив.

Покрај тоа што им ја враќа насмевката на оние на кои навистина им е најпотребна, и кои не можат да си ги дозволат неговите услуги, тој со своите фотографии на Инстаграм внесува радост кај сите што го следат.

Маркетинг

Фелипе Роси во 2006 година ја основаше непрофитната организација „За насмевка“ со која патува низ светот и со своите колеги забари потполно бесплатно на сиромашните луѓе им ги поправа забите.

„Сакаме на луѓето да им понудиме нов почеток во животот, да почувствуваат самодоверба и да не се срамат да се смеат“, вели овој забар. Покрај Бразил, тој со своите колеги помага несебично и низ сиромашните заедници што се наоѓаат во африканските земји Кенија и Мозамбик.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button